Уживајте во волшебните италијански специјалитети во Вашиот дом

Италијанската традиционална кујна е една од најпопуларните кујни во светот поради својата прекрасна едноставност и изобилство на вкусови.

Моментот кога ќе се стави јадењето на маса, за Италијанците не е само оброк, туку момент на радост и блискост со семејството и пријателите, и токму поради тоа, италијанската кујна ни е толку блиска.

Повеќе не мора да барате италијански ресторани или да посакувате патување во Италија за да ги пробате нивните јадења. Од сега, кремастите и неодоливи италијански залчиња доаѓаат кај Вас!

Ви ги претставуваме новите MAGGI Trattoria a Casa производи кои за само неколку минути ќе Ве однесат во земјата на тестенините и рижотото! Станете вистински мајстор на италијанската кујна во својот дом со непогрешливата комбинација на состојки. MAGGI Ви носи нови рецепти за Penne Arrabiata, Tagliatelle со печурки и Кремаст рижото со пилешко и печурки!

Новите MAGGI Trattoria a Casa производи, покрај тоа што се без додадени бои и конзерванси, содржат природни состојки како што се домати и кромид созреани на сонце.

Лесно и брзо подгответе неодолива тестенина или рижото и уживајте во италијанските специјалитети во Вашиот дом.

На територија на цела Македонија 156 санкции за брзо возење

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 156 возачи, соопшти МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Реал поднесе жалба против судијата кој не ги регистрира навредите кон Винисиус

 Реал Мадрид поднесе жалба до Шпанската фудбалска федерација против главниот судија на натпреварот со Осасуна Хуан Мартинез Мунуера од 29. коло на Ла Лига.

Клубот од Мадрид излезе со официјално соопштение во кое велат дека побарале преглед на постапките на Мунуера. Според „Кралскиот клуб“, судијата намерно не ги забележал навредите упатени кон напаѓачот Винисиус и покрај тоа што тоа му го пријавиле други играчи на Реал Мадрид.

Реал поднесе жалба и до Државната комисија за борба против насилство, расизам, ксенофобија и нетолеранција во спортот.

За време на натпреварот кој го доби Реал со 4:2, навивачите на Осасуна скандираа „Винисиус, умри!“.

Бразилецот во победата на Реал учествуваше со два гола.

На 42-годишна возраст почина момчето на Арина Сабаленка

Поранешниот белоруски хокеар, Константин Колцов почина ноќеска во Мајами, на 42-годишна возраст. 

Колцов кој беше актуелен тренер на тимот Салават отиде во САД да ги гледа натпреварите на неговата девојка, тенисерката Арина Сабаленка.

- Со длабока тага ве известуваме дека почина тренерот на Салават Јулаев, Константин Колцов. Беше силна и весела личност, беше сакан и почитуван од играчите, колегите и навивачите.

Константин Евгениевич засекогаш се запиша во историјата на нашиот клуб. Колцов го освои Руското првенство и Купот Гагарин како дел од Салават Јулаев и направи одлична работа во стручниот штаб на тимот, соопштија од клубот кој го предводеше Колцов.

Играчката кариера на белорускиот хокеар траеше од 1997 до 2015 година. Играше за Јуност, Динамо Минск, Северстал, Новокузњецк Металург, Ак Барс, Спартак, Салават Јулаев, Атлант и Питсбург.

притисни ентер