недела, 22 април 2018 - Недела, 112-иот ден во годината
Денеска е недела, 22 април 2018 година, 112-иот ден во годината.
 
недела, 22 април 2018 - Сончево со слаб ветер и температура до 28 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. УВ индексот 7.
 
недела, 22 април 2018 - Тевдовски:2018 се очекува да биде сериозен пресврт за раздвижување на економијата
Ако првата половина од 2017 година беше ноќ, во втората половина почна да и се разденува на македонската економија, а веќе на почетокот на 2018 имаме показатели кои укажуваат на нејзино раздвижување, вели во интервју за Гласот на Америка министерот за финансии Драган Тевдовски, кој учествува на Пролетните средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон.
 
недела, 22 април 2018 - Сообраќај по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
 
сабота, 21 април 2018 - Маж удрен со автомобил во Кичевско
Четириесет и четири годишен маж е повреден денеска откако е удрен со автомобил во Кичевско.
 
сабота, 21 април 2018 - Антикорупциска десеткувана, предметите во фиока
Повеќе од еден месец Македонија нема заштита од корупцијата. Антикорупциската комисија не се справува со злоупотребите, бидејќи пет од седумте членови, си поднесоа оставки
 
сабота, 21 април 2018 - СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лажни вести, а Мицкоски да одговори на прашањата за неговото раководење со АД ЕЛЕМ
Христијан Мицкоски седум дена се крие од јавноста и не дава одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога тој раководел со ЕЛЕМ, а неговата партија ВМРО-ДПМНЕ неколку денови измислува скандали и шири лажни вести за работата на АД ЕЛЕМ.
 
сабота, 21 април 2018 - Сојузот на дијабетичари на средба во Штип
Надмината е може да се рече кризата со инсулин, но поради тоа што секоја година се зголемува бројот на дијабитичари мора и да се зголемат и средствата, кои се издвојуваат од буџетот за овие пациенти, ова е еден од заклучоците на членовите на Сојузот на дијабитичари, кои денеска имаа состанок во Штип.
 
сабота, 21 април 2018 - Во Битола уапсени три лица поради производство и продажба на дрога
Три лица се уапсени во Битола рано изутринава поради производсто и продажба на дрога, соопшти МВР.
 
сабота, 21 април 2018 - Тевдовски: Со СБ договараме проекти за развој и поддршка на македонската економија
Проекти за изградба и реновирање на детски градинки во висина од 35 милиони долари најави министерот за финансии Тевдовски кој е заедно со гувернерот Богов во Вашингтон на пролетните средби со Светската банка.
 
сабота, 21 април 2018 - Петковски: Граѓаните ќе имаат корист од регистарот
На граѓаните ќе им олесни со регистарот на граѓани.
 
сабота, 21 април 2018 - Регионална конференција на земјоделски задруги во Струмица
Да изградиме коперативно општество е темата на петтата регионална конференција во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, а под покровителство на Владата на Република Македонија, која денес се одржува во Струмица.
 
сабота, 21 април 2018 - Заев за Франс-прес: Никогаш поблиску до решение со Грција, неуспехот нема да значи крај на светот
Македонскиот премиер Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името.
 
сабота, 21 април 2018 - Џафери- Кара: Македонија е конкурентна бизнис земја која нуди поволни услови за странските инвеститори
Македонија е конкурентна бизнис земја која нуди поволни услови за странските инвеститори и чијашто инвестиција е заштитена со важечките закони кои со последните измени нудат еднакви услови за сите инвеститори и за странските и за домашните, порача вчера претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери на работната вечера во Истанбул која ја приреди претседател на Деловниот совет Турција - Македонија на Бордот за надворешно-економски односи на Република Турција (DEİK) Билал Кара.
 
сабота, 21 април 2018 - ВМРО-ДПМНЕ: Заев повторно си поигра со трагедиите на семејствата на петте момчиња од Смилковското Езеро
Срамен и недостоен е начинот на кој што денеска Зоран Заев повторно си поигра со трагедиите на семејствата на петте момчиња егзекутирани кај Смилковското езеро.
 
сабота, 21 април 2018 - Адеми на Изборното собрание на Македонскиот сојуз во Шведска
Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми кој на покана на Македонскиот сојуз во Шведска денеска во Гетеборг присуствуваше и се обрати на Изборното собрание на оваа македонска организација во дијаспората.
 
сабота, 21 април 2018 - ВМРО-ДПМНЕ: Младите се најголема жртва на лагите на СДСМ
Младите денес живеат полошо од пред една година. власта не го слуша нивниот глас, ниту пак ги решава нивните проблеми, велат од ВМРО-ДПМНЕ
 
сабота, 21 април 2018 - Инвестициите се најважни за раст на економијата
Владата има начини и планови како да ги врати напластените долгови од претходната власт, изјави министерот Драган Тевдовски, во Вашингтон каде македонската делегација имаше средби со ММФ и Светска банка.
 
сабота, 21 април 2018 - Анѓушев:Техничките науки се најдобри во делот на иновативноста
На Машинскиот факултет во Скопје се одбележа Светскиот ден на иновативноста и креативноста, во соработка со холандската амбасада.
 
сабота, 21 април 2018 - ВМРО-ДПМНЕ: Раководството на АД ЕЛЕМ да одговори на кој начин ги троши парите на граѓаните
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прашува дали е на повидок уште еден скандалозен и сомнителен договор во АД ЕЛЕМ.
 
сабота, 21 април 2018 - Со падот на имунизацијата од морбили, на чекор до епидемија
Само со вакцини против епидемија на ситни сипаници, но и други заболувања што може да се спречат со имунизација.
 
сабота, 21 април 2018 - Притворен полицаец, дома му нашле марихуана
Полицијата поднесе кривична пријава против 40 годишен полицаец од Скопје, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.
 
сабота, 21 април 2018 - Купени 80 нови дрегери, за шест часа во Скопје санкционирани 248 пијани возачи
Од 726 контролирани возачи во Скопје во период од 23 часот синоќа до пет часот утринава, 248 возеле под дејство на алкохол, соопшти денеска на прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
 
сабота, 21 април 2018 - Владата најави пролетна офанзива во комунална инфраструктура
Преку нови водоводи канализации и пречистителни станици води патот кон приближување на европскиот животен стандард.
 
сабота, 21 април 2018 - Стејт департментот го објави извештајот за 2017 година
Политички насочени истраги од УЈП кон критички НВО за политиките на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, нотира извештајот на Стејт департментот.
 
сабота, 21 април 2018 - Ребаланс на Буџетот кон средина на годината, нема да има корекција на стапките на раст
Премиерот Зоран Заев очекува кон средината на годината да биде направен ребаланс на Буџетот, но, како што изјави, не да има корекција на стапките за раст.
 
сабота, 21 април 2018 - Фокусот е на решение за името, а не на роковите, вели премиерот Заев
Фокусот е ставен на решение за името, а не на рокови. Сега е вистинскиот момент да се најде решение. Влегуваме во самата суштина, во најсуптилните детали каде мора да бидеме креативни за да може двете страни да ги заштитиме, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
 
сабота, 21 април 2018 - Владата генерално ги почитува правата за слободно движење, нотира извештајот на Стејт департментот
Стејт департментот го објави извештајот за човековите права за 2017 година во кој во делот за слобода на движењето за Република Македонија е нотирано Законот предвидува слобода на внатрешно движење, патување во странство, емиграција и репатријација, а владата генерално ги почитува тие права.
 
сабота, 21 април 2018 - Притисок, неказнетост на сторителите и поделеност по политички линии во медиумите, нотира извештајот на Стејт департментот
Уставот предвидува слобода на изразување, вклучително и за новинарите, но притисокот на владата врз медиумите, неказнетоста на сторителите на насилство врз новинари и други членови на медиумите и медиумскиот пазар поделен по политички и партиски линии, продолжува да биде проблем, се нотира во ивештајот Република Македонија на Стејт департментот за почитување на човековите права.
 
сабота, 21 април 2018 - Заев: Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене
Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Сите материјали кои ги имал за овој случај, како што рече, ги предал на судот.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24