Значајниот јубилеј хорот ќе го прослави со свечен концерт во салата на Народниот театар,на кој под диригентската палка на Илија Атанасов ќе бидат исполнети неколку познати госпел теми и творбите „Кумановка“ од Трајко Прокопиев и „Оро“ од Тодор Скаловски во која како гостин ќе настапи Момчило Делев на тапани.

Како гости на јубилејниот концерт ќе настапат и членовите на академскиот хор „Кораис“ од Солун кои во првиот свој настап пред гевгелиската публика ќе се претстават со извадоци од балетот „Зорба“ на Микис Теодоракис под раководство на диригентот Јанис Филипопулитис и клавирска придружба на Елеонора Калатсиду.

Почетокот на свечениот концерт е закажан за 19.30 часот, а претходно прием хористите и нивните гости од Солун ќе приреди гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков. 

Датум на објава: сабота, 17 март 2018 во 14:21
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 14:34

коментари

остави коментар