„Коачела, дали сте подготвени?!“, ја праша публиката на свеченото отрворање на нејзиниот настап. Бијонсе така стана прва Афроамериканка која го отворила музичкиот фестивал во градот Индио. Фановите во чест на пејачката Коачела го нарекле "Beychella". Покрај Бијонсе, хајлајнери беа и Бикенд и Еминем.
„Коачела, благодарам што ми ја овозможивте честа да бидам првата Афроамериканка која го отворила фестивалот“, кажала Бијонсе пред да ја запее познатата песна "Who run the World (Girls)".
Настапот од два часа беше исполнет со изненадувања. Покрај неколку новитети од последниот албум  "Lemonade", Бјонсе ја пееше и "Deja Vu" со сопругот Џеј Зи.
Најголемото изненадување беше повторното обединување на групата  Destiny's Child. Кеи Роуланд и Мишел Вилијамс се пјавиле на сцената и сите ги потсетија на хитовите "Say my name", "Soldier" и "Lose my breath".

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce) on

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 13:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар