За ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто со криминалното и расипничко владеење стана најбогата партија во Европа е крајно непознато дека некој може да успее со чесна работа, а дека Владата може да работи во интерес на сите граѓани, наместо во интерес на поединци како што беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев јавно и транспарентно го објави својот имотен лист и во повеќе наврати јавно соопшти дека се откажува од какви било бизнис соработки со Владата, се со цел да се посвети на јавниот интерес и интересите на државата.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на спроведување на политики кои обезбедуваат економски раст и квалитетен живот за сите граѓани. Вицепремиерската позиција за бизнисот како партнер во градењето на реални политики базирани на искуство се непознат и погубен концепт за ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија секојдневно шири лажни вести.

Никој повеќе нема да се богати на сметка на граѓаните. Политиката и бизнисот повеќе не се испреплетуваат и крајно време е ВМРО-ДПМНЕ да ја научи таа лекција.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 16:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар