Епидемијата на заразата се шири со голема брзина во државата Викторија. Заразата , позната како ,,Бурули чир “ е честа во Африка и само во последните години таму е за четири пати зголемен бројот на заболени лица. И покрај тоа што климата во државата Викторија не е тропска , сепак оваа бактерија се шири со голема брзина.
Бактеријата предизвикува разјадување на ткивата , па дури и распаѓање доколку не се лекува навреме.

Докторите не знаат на кој начин да го спречат ширењето на бактеријата од која само лани заболеле 275 лица во Викторија со раст од 51 % од претходната година , а годинава бројот расте.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 16:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар