Никос Коѕијас по состанокот со неговите колеги од Унијата, рече дека освен за ситуацијата во Сирија и нуклеарната програма на Иран, разговарале и за земјите од Западен Балкан, а тој информирал за текот на преговорите со нашата земја и Албанија.
- Објаснив каде се наоѓаат нашите преговори со Албанија и со ПЈРМ и исто така ја потенцирав потребата лидерите на последната да разберат дека не може да се водат преговори преку интервјуа и континуирани јавни изјави. Дека треба да покажат сериозност и да прифатат еден метод што ќе не одведе до решение, рече Коѕијас /МИА

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 19:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар