Тој нагласи дека едвај чека да го прочита извештајот на Европската комисија, кој треба да биде објавен утре.
- Во последниот извештај на Фридм хаус за нациите во транзиција беше наведено дека Македонија е земја, кај која е забележан најголем демократски пробив во Европа. Беше кажано земјата е мала, но можностите се големи, што двојно го зголеми моето ниво на адреналин и ентузијазам, рече Димитров.
Нагласи дека интегрирањето во ЕУ треба да се гледа регионално и оти земјите треба да бидат свесни за нивната меѓусебна поврзаност.
- Невозможно е Македонија да биде среќно место, успешна и стабилна демократија, доколку и Србија не е таква земја. Невозможмо е да имаме регион во кои сите одвреме навреме се сомневаат во иднината и функционалоста на БиХ. Сите заедно сме во ова и колку побрзо го сфатиме тоа, полесно ќе ни биде да ги решиме проблемите и да им покажеме на европските пријатели дека сме нивни партнери, порача Димитров.

Додаде дека земјите од регионот често пати сакале да бидат жртви и да ги обвинуваат другите за нивните прашања.

- Виновни ни се соседите, Брисел, никој не не сака. Се е во наши раце, никој не кажа дека градењето на европската демократија е лесно, нагласи шефот на македонската дипломатија и додаде дека регионот треба да го фати возот кој се движи во насока на евроинтеграцијата.
На конференцијата на Европскиот фонд за Балканот беше претставена и „Декларацијата за партнерството меѓу Европа и Балканот“, визионерски документ за иднината на регионот, кој го составија 20 експерти од регионот, во консултации со владите на државите во Балканот, преставници на владите членки на ЕУ, преставници на цивилното општество и реномирани интелектуалци.

Идејата на Декларацијата е дека денес, 15 години по Солунскиот самит, кој се одржа во 2003., ветувањето за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност, преку сериозна работа, заложба и искрен и транспарентен однос на сите страни.
Во Декларацијата се повикува ЕУ и Балканот на создавање „ново заедништво“, втемелено на стратегијата која се заснива на четири столба - интензивирање на соработката со Балканот, систематски напори во промовирањето на културата на учењето и усовршувањето на сите нивоа на образованието со цел на унапредување на човечките ресурси, искрено и трајно регионално зближување и остварување на визијата на потесна соработка во разни области на политиката на ЕУ.

Главна мисија на Европскиот фонд за Балканот е да ја промовира интеграцијата во ЕУ на земјите од регионот и нивната трансформација во просперитетни и стабилни европски демократии.

За време на конференцијата, Димитров оствари повеќе средби и разговори - со Флориан Бибер, директор на Центарот за југоисточни европски студии при Универзитетот во Грац, Кристоф Бендер, претседател на реномораниот тинк тенк - Иницијативата за европска стабилност, како и со директорката на ЕФБ,Хедвиг Морваи и други реномирани учесници од различни фели.

Во фокус на разговорите беа претстојниот извештај на ЕК за напредокот на земјите од регионот, како и за идните чекори во рамки на евроинтегративните процеси. 

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 20:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 22:03

коментари

остави коментар