,,Шарената револуција,, и денеска е тука не во иста форма и облик, но не е на улица зашто сега незадоволството се изразува на поинаков начин, вели независниот пратеник Павле Богоевски во вечерашното издание на „Само Вистина“ одговарајќи и на сите коментари и критики од ,, Шарените,, незадоволни од тоа како се одвиваат некои процеси во општеството. Пред две години беше на улиците зашто тогашната власт не дозволуваше никаков друг облик на артикулација на барањата. Разочарувањето е присутно очигледно е и до некоја мера разбирливо, вели Богоевски.,, Фотељата,, за мене е само средство да продолжам да се борам за она што сум се борел како дел од ,,Шарената револуција,,.

Петар Богојески како член на внатрепартиската иницијатива на ВМРО ДПМНЕ за реформи на партијата, денес заменик генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ вели ,,Реформаторите,, се тука, дејствуваат и работат на спроведување на комплетната агенда за реформа на ВМРО ДПМНЕ.Се продолжува со работа за дозавршување на работите околу Статутарните измени а ,,Реформаторите,,беа апсолутно автентичен концепт, организирани сами и кои осмислија иницијатива за реформи на партијата, без никаква интервенција од надворешни влијанија, вели Богојески.

Павле Богоевски и Петар Богојески  во вечерашниот дуел „Само Вистина“ дебатираа за актуелни теми и прашања како прашањето за името, извештајот на ЕК за напшредокот на Македонија, за Законот за употреба на јазиците и за тоа дали граѓаните односно гласачите по враќањето на опозицијата во Собранието, повторно нема да бидат сведоци на крвави настани, инциденти и тензична атмосфера. За сето ова погледајте ја „Само Вистина“. 

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 21:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар