Федерика Могерини оцени дека е во интерес на Европската Унија и на земјите членки да ја подобрат соработката со Западен Балкан. На средбата со шефовите на дипломатиите на 28 земји членки на ЕУ имало опширна дискусија за односите со земјите од регионот.

о повторивме нашиот јасен ангажман и поддршка за цел регион, за нашите шест партнери и за перспективата на проширувањето, изјави Могерини.
Шефицата на дипломатијата на ЕУ, која претседава со Советот на министри за надворешни работи, нагласи дека министрите дале јасна поддршка на Стратегијата, која ЕК ја објави во февруари.

Стратегијата ја претставува кредибилната перспектива на проширување на ЕУ на Западен Балкан, наведувајќи дека Србија и Црна Гора се лидери во евроинтеграцискиот процес, со можноста во 2025 година да добија членство во ЕУ.

– Јасна е поддршката за продолжување со работа со Западен Балкан. Во интерес на ЕУ и нејзините членки е да се зголеми соработката со регионот и да дадат уште посилен кредибилитет на пристапување на регионот кон ЕУ, заклучи Могерини.

Министрите за надворешни работи на ЕУ разговорот за Западен Балкан го одржаа воочи подготовките за самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Софија на средината на мај.

Могерини најави дека во вторник ќе го посети регионот во официјална посета. Во таа прилика, таа ќе ги посети Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 21:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар