Се очекува порно актерката Сторми Даниелс пред Федералниот суд во Вашингтон да се појави пред судијата кој разгледува начини да се ревидира материјалот кој ФБИ го заплени од личниот адвокат на Американскиот претседател Доналд Трамп. Судијата треба да утврди дали тој материјал да остане заштитен .
Обвинителите , кои наведуваат дека истражителите минатата недела упаднале во канцеларијата и во хотелската соба на Мајкл Коен бараат вообичаена процедура на запленетите документи во акцијата.
Истрагата е поврзана со кривично дело на адвокатот Коен , коија наводно и исплатил 150 000 долари на порно актерката да молчи за време на изборите во 2016 дека била во врска со Трамп.

Актерката била исплатена од личната сметка на адвокатот на Трамп , по што ФБИ поведе истрага за негова криминална активност како можна изнуда и уцена. 

Датум на објава: понеделник, 16 април 2018 во 21:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар