Изложбата, која во Кочани ја организира Младинскиот образовен форум, има 39 паноа на кои е раскажана приказната за Ана Франк, истовремено и за холокаустот и Втората светска војна. Прикажува фотографии од детството на Ана, подемот на нацизмот, погромот на Евреите и реакциите на луѓето.

Во светот оваа изложба ја виделе над пет милиони посетители во повеќе од 40 држави. Таа е една од најпознатите светски едукативни изложби кои се однесуваат на холокаустот и човековите права. 

Изложбата во Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повијест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Европската унија.

Досега беше поставена во 16 градови и видена од над 16.000 посетители. Водичи на изложбата се млади волонтери - средношколци кои поминале обука да ја раскажат приказната за животот на Ана Франк. /МИА

коментари

остави коментар