Јилдирим пред новинарите изјавил дека припадниците на турската крајбрежна стража го отстраниле знамето од островот кој се наоѓа во Егејското море во близина на летувалиштето Дидим, пренесува „АП“.

Турскиот премиер изјавил дека инцидентот бил сличен на оној од 1996 година кога двете членки на НАТО влегле во конфликт околу ненаселениот остров Имија – Кардак на турски – за кој и Турција и Грција тврдат дека е нивни.

„Нашиот совет до Грција е да прекинат со провокациите и подбуцнувањата.....решени сме да им дадеме соодветен одговор на создавањето на ситуација на свршен чин“ – изјавил Јилдирим.

Запрашан за тој инцидент во текот на посетата на шефот на НАТО, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу го обвини грчкиот министер за одбрана Панос Каменос, лидерот на грчката националистичка партија, за подигнување на тензиите во Егејското море.

Портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос изјави дека владата во Атина нема сознанија за тој инцидент и забелешките на Јилдирим ги нарече “провокативни и срамотни“.

„Мислам дека Јилдирим треба да биде повнимателен. Ја повикуваме Турција да се врати на патот на почитувањето на меѓународното право. Тие треба да преземат иницијатива за намалување на тензиите“ – изјави Ѕанакопулос.


Датум на објава: вторник, 17 април 2018 во 09:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар