Според судијата Огнен Ставрев за отсуството на обвинетиот требало да добијат известување од штипскиот затвор, каде Азири ја издржува затворската казна.

Мајката на убиениот Александар Наќевски, Зорица со солзи во очите побара од судот и обвинителството да ја откријат вистината. Адвокатот на семејството, Дафинка Ивановска рече дека не треба да се одложуваат рочиштата, туку побрзо вистината да излезе на виделина.

Масакрот кај Смилковското езеро се случи пред шест години во очи на големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предметот „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Датум на објава: вторник, 17 април 2018 во 09:41
Михаела Димовска
Обновено во: 12:35

коментари

остави коментар