Секретаријатот за европски прашања на својата веб страница го објави извештајот. 

Од СЕП,  оценуваат дека во изминатите девет месеци, Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, а како доказ го посочуваат успешното спроведување и реализација на планот 3-6-9, во кој стои дека се реализирани  над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина.

- Планот 3-6-9 завршува денеска, заедно со излегувањето на извештајот на европската комисија. Согласно испорачаните резултати и неговата реализација,  треба да биде крунисанa со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со унијата, нагласуваат од СЕП.

Со завршувањето на планот 3-6-9, не завршуваат реформите, туку напротив, оваа реформска агенда ќе продолжи и во иднина, во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од шесте водечки иницијативи на стратегијата 20-25 на комисијата, како и од сугестиите, коментарите, забелешките кои ги очекуваме во денешниот извештај на комисијата“, се вели во соопштението од кабинетот на Османи.

Датум на објава: вторник, 17 април 2018 во 10:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар