„Јас и мојот адвокат сме посветени сите да ја дознаат вистината и фактите околу тоа што се случи и нема да престанеме се додека тоа не се случи“ – изјавила Даниелс.

Даниелс со Коен се бори околу договорот за неоткривање на фактите, кој го потпишала за 130.000 долари, за да не зборува за наводната афера со Трамп, наведува „Ројтерс“.

Трамп аферата ја демантирал.

Таа била на суд, во публика, на рочиштето на кое американскиот федерален судија го разгледувал начинот да се ревидира материјалот, кој ФБИ го запленил лично од Трамп, за да се утврди дали тој материјал требало да биде заштитен.

Даниелс на судењето била со својот адвокат, Мајкл Авенти, кој пред новинарите изјавил дека на судењето се појавиле за да го осигураат интегритетот на запленетите документи, бидејќи верува дека некои од тие документи се однесуваат на порно актерката, пренесува „Ројтерс“.

Датум на објава: вторник, 17 април 2018 во 12:25
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:25

коментари

остави коментар