Видео: Драма во руски затвор: Припадници на Исламската држава држат заложници; „Имаат секири“

 Припадници на Исламската држава држат заложници во затвор во Русија; „Имаат секири“

Група затвореници од истражниот затвор во Ростовската област во Русија, кои како заложници зеле неколку вработени во затворот, бараат да им се обезбеди автомобил и слободно да го напуштат затворот, изјавија за агенцијата Интерфакс руските служби за итни случаи.

Тие тврдат дека се членови на терористичката организација Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација, наведува агенцијата.

Интерфакс додава дека затворениците се вооружени со ножеви и остри предмети. Агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на упатен извор, наведува дека оперативен офицер и надзорник во истражниот затвор во Ростовскаја биле земени како заложници, а затворениците кои ги заробиле се товарат за тероризам.

„Тие имаат секири, очигледно од противпожарна опрема и гумени палки, без огнено оружје“, рекол изворот.

Агенцијата наведува дека преговорите за ослободување на заложниците се во тек и дека на лице место се шефот на регионалниот штаб на Федералната поправна служба и претставници на органите на прогонот и обвинителството.

Разбеснет кит скока врз бротче и ги катапултира рибарите - исплашен тинејџер снимал (ВИДЕО)

Застрашувачката снимка е снимена на брегот на Њу Хемпшир, кога рибарски брод бил на удар на разбеснет грбав кит.

Двајца рибари се катапултирале во морето откако монструозното животно „скокнало“ на пловилото! Сцената ја забележале млади луѓе на брод, а еден од нив имал камера.

Бродот плутал некое време, а потоа почнал да тоне. Сепак, бил извлечен на брегот со акција на другите рибари.

Според извештаите, за време на инцидентот немало повредени, пишува Дејли Мејл.

Корисниците на социјалните мрежи беа шокирани од глетката, особено затоа што грбавите китови - за разлика од орките, ретко напаѓаат бродови.

„Ова е неверојатно и не е случајно“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Целосно луда сцена“.

Експертите за морски животни веруваат дека китот е стар две години и претходно бил забележан околу границата на Мејн и Њу Хемпшир.

Останува нејасно што го поттикнало да го нападне рибарскиот брод.

Мистеризона смрт: Излегла на вечера со пријателите, се разболела и починала по два дена

Сицилијанка ненадејно починала за време на викендоv, откако излегла на вечера со пријателите.

Официјалните лица наредија обдукција за да се утврдат причините за смртта, објави РАИ.

Џулијана Фарачи (40) од областа Месина на Сицилија, во петокот вечерта излегла со пријателите на вечера. Првите симптоми на болеста се појавиле во саботата попладне.

Џулијана се пожалила на треска и повраќање, а бидејќи состојбата ѝ се влошила во неделата, повикала итна помош и лекарите направиле електрокардиограм. Следното утро била пронајдена без знаци на живот.

Џулијана починала во сон, а нејзиното тело е пренесено на обдукција.

Заменик-обвинителот Андреа Аполонио отвори истрага за случајот, а сестрата на Џулијана, придружувана од адвокатот Салваторе Манкузо, отиде во полициска станица да поднесе пријава и да побара обдукција за да се разјаснат причините за смртта.

Според адвокатот, Џулијана за време на вечерата со пријателите не јадела суши или сирова риба, со што ги демантираше натписите кои кружеа во некои медиуми.

„Тоа што некои весници го пишуваат не е точно, самоволно претпоставувајќи ја можната причина за труење со храна и смртта како последица. Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да добиеме медицинско-правни појаснувања за причините за оваа трагична и прерана смрт“, вели адвокатот.

Според него, ниту една од нејзините пријатели со кои вечерала не се разболела.

Меѓу жителите на Санта Агата ди Милитело, каде што живеела Џулијана, владее шок и тага. Никому не му е јасно како дошло до оваа мистериозна смрт, додека истрагата продолжува.

Хали Бери позира топлес со мачки: Засекогаш останува Жена-мачка (ФОТО)

Актерката Хали Бери (57) е активна на својот Инстаграм профил.

Овој пат со објава покажа колку е горда на себе и улогата која ја одигра во филмот Catwoman од 2004 година.

„Денес се навршуваат 20 години откако ја имав честа да му дадам живот на овој легендарен лик. Секогаш ќе ја чувам во моето срце и засекогаш ќе бидам Patience Phillips, или Catwoman “, напишала Хали заедно со фотографиите на кои позира во гаќички со маска на лицето. Градите ги покрила со своите миленици, мачките кои неодамна ги посвоила.

„Ова е најжешката жена досега“, „Безвременска убавица“, „Најдоброто од најдобрите“, „Подготвени сме за продолжение“, беа само дел од коментарите на нејзините фанови.

Пред неколку недели објави дека мачките со кои сега позира се викаат Бутс и Коко и дека ги пронашла заедно со уште две мачиња и нивната мајка во својата градина. "Ја стерилизирав нивната мајка и ја пуштив назад во мојата градина и сега е наша! Ги посвоив другите две бебиња што ги најдовме, а овие две малечки сега се нашите нови љубови! Секогаш имаме полна куќа", напишала Хали.

притисни ентер