Видео: Нов робот за гаснење пожари

Роботичката индустрија напредува, а зголемената побарувачка за машини во бројни други индустрии ги наведе производителите да развијат најсовремени роботи коишто ќе можат да им помогнат на луѓето. 

Така, неодамна, кинеската компанија „Гуошинг интелигент“ (Guoxing Intelligent) произведе линија роботи наменети за гаснење пожари.

Најновата машина од овој вид е „KT-500“ - дизајнирана за брз продор. Станува збор за роботи наменети за итни случаи, опремени со напредни системи за откривање и детектирање чад и гас, што значи и навремено и поделотворно гаснење на пожарот. Тие се опремени и со комуникациски системи, како што се Ви-фи врска, радиоприемници, и камери.

Роботот се движи користејќи двојни траки и има способност брзо да создава зони на изолација од огнот. Покрај најсовремената технологија за лоцирање, овие противпожарни роботи користат и цистерни за вода, диспензери за пена и хемиски апарати. Методот е делотворен, со минимална потрошувачка на вода.

Далечинското управување, пак, нуди можност пожарникарите да ја проценат состојбата од безбедно растојание, меѓу другото - и заради подобро планирање.

Роботите се отпорни на високи температури, чад, отровни гасови и вода, како и на пад, што ја зголемува способноста на машината да влезе онаму каде што човекот не смее. Машините така може да влезат и во затворени простори, да наоѓаат заробени луѓе на место на пожар, па со аудио и видеокомуникација - да го скратат времето на спасување, подобрувајќи ја делотворноста на спасувачкиот потфат. /МИА

Се чека одлука за есенска потрошувачка кошница со пониски цени

 Министерството за економија денеска треба да добие Предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница со според најавите 100 прехранбени земјоделски производи со ограничени трговски маржи или замрзнати цени.

Според најавите, со есенската кошница треба да бидат опфатени зеленчук, овошје, пекарски, млечни производи,...

Предлогот треба да биде усвоен утре на редовната седница на Владата.

Работната група е составена од претставници на министерствата за економија, земјоделство и финансии. Врз основа на симулација ќе ја утврди есенската потрошувачка кошница со 100 производи и дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти.

Стабилизација на цените се очекува и со примената на Законот за нелојална трговија, кој треба да почне да се применува од 28 септември. Законот ќе стапи во сила до крајот на месецот, а компаниите ќе имаат рок од шест месеци да ги усогласат цените.

Владата најави дека ќе има и предновогодишна и пролетна кошничка, со избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината.

-Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните, изјави минатата недела премиерот Христијан Мицкоски.

Стапката на инфлација во август на годишно ниво е 2,2 процента во однос на август минатата година, како што рече, што претставува навистина добар резултат. Значи, полека, но сигурно цените се стабилизираа и во периодот што следи ќе продолжиме да се грижиме за стандардот на граѓаните, потенцира премиерот.

КИНСИВ во М-НАВ ќе го истражува безбедносниот настан на небото над Скопје од 7 септември

В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. 

Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) денеска почнува активности во Давателот на навигациски услуги М-НАВ како дел од истрагата за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември во кој според објавите е избегнат судир на два авиона. За настанот постапува и Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), а ако се утврди дека има кривично дело наодите треба да се достават до Основното јавно обвинителство.

- В понеделник влегуваме во М-НАВ и ќе ги направиме потребните разговори, ќе ги преслушаме снимките од разговорите на контролорите со пилотите на авионите, а и ќе ги погледнеме и снимките. Ние не утврдуваме вина, туку причина која довела до ваков инцидент. Исто така, ќе побараме изјави од пилотите на двата авиона преку нивните воздухопловни власти, па ќе ја информираме јавноста. Се друго во моментот ќе биде шпекулација, изјави за МИА во петокот Зоран Илиевски, претседател на КИНСИВ.

Претходно од АЦВ за МИА потврдија дека постапуваат по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ.

-Давателот на навигациски услиги М-НВ уредно го пријави настанот и АЦВ ќе постапи по истиот, изјавија од АЦВ.

Според М-НАВ, во пропишаниот рок поднесена е пријава за безбедосниот настан и отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините.

- На 7 септември во 18.30 часот поднесена е пријава за безбедосен настан во пропишаниот рок од извршителите кои работеле на засегнатиот сектор. Согласно правилата и пропишаните процедури, пријавата е регистрирана од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) и доставена до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство. Исто така, согласно важечките процедури, од страна на одделението ИМС (Integrated Management Systems) отворена е истрага за утврдување на фактичката состојба и причините за настанот. Би сакале да укажеме дека ваквите настани како и секаде во Европа, секогаш се навремено пријавени и процесирани од сите релевантни одделенија, служби и институции, согласно постоечките правни процедури, наведе М-НАВ во соопштение.

По медиумските објави врз основа на сајтот за следење летови Флајтрадар24, дека авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот, реагираше и Здружението на контролори на летање на Македонија (ЗКЛМ).

Оттаму порачаа дека Флајтрадар24 не е релевантна алатка за давање на точна позиција во реално време и како таква не треба да се користи за извлекување на заклучоци. Истакнаа дека застануваат во одбрана на колективниот углед и професионализам на контролорите, кои, како што оценија, се мета на неосновани осуди. Прогласувањето на овој настан за „сериозен инцидент", според Здружението, без притоа да се проверат фактите не оди во насока на правично и вистинито расветлување на случајот.

Како што објави порталот СДК.мк, повикувајќи се на Флајтрадар24 се, станува збор за авион на „Туркиш ерлајнс“ на летот ТК1358 од Мадрид за Истанбул и авионот на „Санекспрес“ од турскиот крајбрежен аеродром Даламан за Лондон – Гетвик. Триесет секунди пред да се разминат двата авиона биле на иста висина од 36.000 стапки. Непосредно пред да се разминат, едниот се кренал на 36.325 стапки, а другиот се спуштил на 35.475 стапки. Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина, напиша порталот.

Идентификуван напаѓачот на Трамп, инцидентот се истражува како „обид за убиство“

По вчерашниот вооружен инцидент во близина на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трам уапсен е 58 годишниот Рајан Весли Рут.

Агенти на Тајната служба отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го вперило оружјето кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, додека тој играл голф.

Републиканскиот претседателски кандидат е неповреден и безбеден, соопшти полицијата, а ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“.

Еден од агентите видел автоматска пушка со врвот на која излегува од грмушка во близина на теренот за голф, една дупка над местото каде што бил Трамп во тоа време. Агентите на тајната служба испукале најмалку четири куршуми со муниција кон осомничениот. Мажот потоа ја фрлил пушката, два ранци и други предмети и побегнал со црн спортски автомобил, no bil уапсен во соседната област.

По инцидентот Трам им се обрати на своите приврзаници преку електронска пошта и им порача дека никогаш нема да се предаде.

Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: БЕЗБЕДЕН СУМ И ДОБРА! Ништо нема да ме успори. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАВАМ! Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Бог да ве благослови, напиша Трамп.

притисни ентер