Видео: Возач избегна животно на патот но предизвика верижен судар

Одлуката на возач ненадејно да застане на автопат на Флорида беше причина за верижен судар.

Верижна несреќа во која учествувале повеќе возила се случила на автопат на Флорида, кога еден возач решил да ја поштеди желката која се појавила на патот. Но оваа негова одлука била причина за верижен судар. „Хуманиот“ возач несакајќи ја загрозил безбедноста на неколку други учесници во сообраќајот кои се движеле по истиот дел од автопатот.

„Одлуката на возачот да застане на сред автопат на Флорида доведе до верижен судар на повеќе возила, вклучително и камион, изјавија претставници на округот Волтон.

Снимката од камерата во камионот вклучен во несреќата открива се. Возачот на камионот не успеал навреме да закочи и се судрил со најмалку две возила. Видеото е објавено и од Канцеларијата на шерифот на округот Волтон (WCSO) заедно со порака во која се повикуваат возачите да избегнуваат такви ненадејни реакции кога ќе видат мали животни на патот.

Се шират гласини дека бракот на Натали Портман е во криза- сопругот ја измамил со 25 годишна

Натали Портман и нејзиниот сопруг, француски балетан Бенџамин Милепид наводно се во брачна криза откако се дознало дека ја изневерил со 25-годишна Французинка, изјавија извори за Page Six.

Изворот тврди дека парот минатата година одлучил да живее одвоено, но дека се уште се трудат да го спасат бракот, а на крајот на мај биле снимени како уживаат на концертот на Бијонсе.

Нивниот брак наводно е на работ на колапс откако францускиот магазин Voici објави фотографии од 45-годишниот поранешен балетан како се дружи со 25-годишната активистка за клима, Камил Етјен, пријателка на Грета Тунберг.

"Тие не раскинаа и се обидуваат да ги средат работите. Бен прави сѐ за да ја натера Натали да му прости. Тој ги сака неа и нивното семејство", тврди изворот, додавајќи дека актерката е позната по тоа што ја чува приватноста и дека сега најважно и е да ги заштити своите деца.

Американските медиуми пишуваат дека проблемите во бракот биле јавна тајна за време на снимањето на нејзиниот нов филм, кој се снимаше во ноември минатата година, а на промоцијата на филмот во Кан дошла без сопругот.

Да потсетиме дека Портман и Милепид се запознаа во 2009 година на снимањето на филмот Black Swan, за кој тој ја направи кореографијата. Тие се венчаа во 2012 година и имаат две деца, 12-годишниот син Алеф и 6-годишната ќерка Амалија.

Екстремните левичари се судрија со полицијата на забранетиот протест во Лајпциг

Членовите на германската левичарска сцена се собираат во Лајпциг, и покрај забраната за протести, за поддршка на неодамна осудениот радикален левичар.

Властите зборуваат за запалени автомобили и напади врз полицијата во многу делови на градот.

Во раните попладневни часови во јужните делови на Лајпциг беа запалени неколку автомобили и контејнери за отпад, за кои се верува дека се дело на левичарски екстремисти кои и покрај забраната во Лајпциг се собираат за поддршка на неодамна осудената левичарка Лина Е. Таа оваа недела беше осудена на долга затворска казна за организирање физички напади врз припадници на екстремната десница.

Ноќеска во повеќе делови од градот имаше судири меѓу припадниците на екстремната левица и полицијата. Според полициското соопштение, во тие судири биле повредени дваесет припадници на полицијата.

Попладнево Уставниот суд во Карлсруе, по итна постапка, ја отфрли тужбата со која левичарските активистички групи сакаа да ја поништат одлуката на повисокиот управен суд во Саксонија, кој го забрани протестот поради страв од немири и судири меѓу левичарите и полицијата, како и опасност за јавниот ред и мир.

Полицијата од вчера ги контролира возовите кои се движат кон Лајпциг. Активисти на левичарската сцена поканија истомисленици од цела Европа да протестираат во Лајпциг. И во средата во Дрезден, по објавувањето на пресудата против група левичари, имаше насилни протести на припадниците на екстремниот лев политички спектар.

Нема да ми ги земеш парите- познат НБА кошаркар ја оставил невестата на денот на свадбата

Стефон Џексон (46), поранешен кошаркар во НБА, решил да ја остави својата вереница на денот на венчавката бидејќи таа не го потпишала предбрачниот договор.

Како милионер, Џексон не сакал девојката да го изневерува и да се омажи за пари.

Во 1997 година Џексон беше избран како втор пик на драфтот, имаше доста добри договори зад себе и заработи десетици милиони.

Кога решил да се ожени со девојка со која долго време бил во врска, ѝ поставил само еден услов, да потпише предбрачен договор како доказ дека не се мажи за него само поради парите. Стефон чекал долго тоа да се случи, а на врската дефинитивно ставил точка на денот на венчавката.

„На свадбата дојдоа сите 530 гости и сѐ што требаше да направиме е да го потпишеме предбрачниот договор. Во животот се грижев за многу луѓе, но никогаш не би дозволил една жена да контролира за тоа за што сум работел толку напорно цел живот.Никој од тие кучкини синови не беше со мене во сала.Затоа си ветив дека жена ми ќе мора да го потпише предбрачниот договор.Се договоривме три-четири месеци пред свадбата и чекав за таа да потпише.Дојдовме во Хјустон, јас постојано велев дека треба што поскоро да потпише.Таа рече дека ќе го направи тоа.Продолживме со планирањето на свадбата,јас ја сакав и планирав семејство со неа.На денот на на свадбата носев одело. Сите мои кумови беа таму и само требаше да се симнеме со лифт до свадбената соба. Баба ми дојде во собата и ми рече дека хартијата не е потпишана и дека тоа е крајот.

Џексон веднаш решил да откаже сѐ. Не се грижел ниту за вложените 400.000 долари.

„Сите беа во шок кога објавив дека венчавката е откажана. После тоа плачев половина час и не можев да верувам дека некоја жена ќе ме натера на тоа поради парче хартија“.

На вратата тогаш се појавила несудената невеста. Плачејќи побарала да го потпише договорот.

"Таа сакаше да разговара со мене, беше во венчаница и целата во солзи. Ме замоли да се потпишам на договорот. Но јас не сум од вчера. Мислев: "Ти, душо, го направи својот избор. Можеш потоа да ме тужиш дека договорот си го потпишала под стрес“, раскажа Џексон во една ТВ емисија.

притисни ентер