Влатко Стојановски и Александар Ристевски во „Само Вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Влатко Стојановски и Александар Ристевски.

Прилика за затоплување за односите или куртоазна претседателска средба меѓу Сиљановска-Давкова и Радев?

Кој треба да се реформира, а кој сака да дестабилизира, затајуваат ли реформите под плашт на етничките наративи?

Има ли некој слух за здравјето на граѓаните, до кога ќе чекаме ветерот да го расчисти смогот?

Трамп го екипира кабинетот, како неговата политика ќе се одрази врз регионот и Македонија?

Вечерва во Само Вистина Јана Јосифоска со Влатко Стојановски и Александар Ристевски, веднаш по вестите.

Османи: Подготвителната седница е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците

Закажувањето на подготвителна седница за поднесените инцијативи за уставноста и законитоста на Законот за јазиците  - е продолжување на процесот на укинување на Законот за јазиците.

Закажувањето на подготвителна седница за поднесените инцијативи за уставноста и законитоста на Законот за јазиците - е продолжување на процесот на укинување на законот за јазиците, реагираа од Демократската унија за интеграција. За партијата недозволиво е, како што рече Османи, во мултиетничка држава највисокиот орган да одржува седници со моноетнички состав, особено за чувствителни теми.

„ Апсолутно е недозволено во мултиетничка дражава највисокиот орган на дражвата да одржува седници во моноетнички состав со осетливи теми....секогаш ваквите монотенички состанувања или седници биле најава за лоши периоди во мултиетнички држави....“ -изјава Бујар Османи – ДУИ.

Од ВРЕДИ пак порачаа дека нема да дозволат албанците да бидат штит на криминалот и корупцијата.

„Ние како ВРЕДИ нема да дозволиме Албанците да бидат штит за криминалот и корупцијата на членовите на ДУИ. Се работи за политичка групација чија цела структура со години беше целосно во служба на двајцата братучеди Груевски и Мијалков. Ова веќе се потврди и од стратешкиот сојузник на Албанците – САД....“ -изјава Ријад Шаќири – пратеник Алијанса за Албанците.

Целта на ДУИ е заштита на криминалот,, прават политички циркус, а таквите притисоци не поминуваат, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Од опозициската СДСМ го повикаа Уставниот суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува исклучиво согласно Уставот. Во партиското соопштение се наведува дека одговорност за иднината на државата е заедничка и никој нема право да го злоупотребува законот за употреба на јазиците за тесно партиски интереси.

„Секоја измена во Законот за употреба на јазиците мора да биде во согласност со препораките на Венецијанската комисија. СДСМ, стои на ставот дека сите законски решенија мора да бидат јасни, применливи и во согласност со европските стандарди, но и во духот на мултикултурата во Македонија и Охридскиот Рамковен договор.“ – СДСМ.

Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ да не шират лаги, Предлог-буџетот ќе го претставиме пред Советот

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да не се шират лаги, манипулации и дезинформации во врска со расправата по однос на предлог буџетот за 2025 година и тоа од страна на неписмени и нестручни лица кои некако стигнале до микрофон и камера.

Предлог-буџетот се доставува до Совет на општините седум дена пред расправата за истиот. Ова е предвидено со закон и важи за сите единици на локалната самоуправа.

Согласно глупавата логика на анонимуси од ВМРО-ДПМНЕ без буџет за следната година ќе останат и во “мрак” ќе бидат и општините каде раководат кадрите на ВМРО ДПМНЕ кои исто до денес немаат доставено предлог буџети за 2025 година.

Предлог-буџетот кој ќе го претставиме пред Советот е развоен и инвестициски, а граѓаните на градот Скопје ги повикуваме да не наседнуваат на лагите на анонимуси.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Реакција на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Ал-Џавлани: Нема помилување за луѓето кои вршеле тортура и убиства на затвореници

Лидерот на сириските бунтовници Ахмед ал Шарех, попознат како Абу Мохамед ал-Џавлани, денеска изјави дека ниту еден од луѓето вклучени во тортурата и убиствата на затворениците во сириските затвори нема да биде помилуван, пренесоа британските медиуми.

-Ќе ги гониме во Сирија и ќе побараме од земјите каде што (прекршителите) избегале да ни ги предадат за да ја исполниме правдата, рече Ал Џавлани во изјава емитувана на сириската државна телевизија преку каналот Телеграм. /МИА

притисни ентер