Во сабота во 20:15 најголемиот музичко-културен и забавен спектакл е на Канал 5!

Репризата на „Златна бубамара на популарноста“е во сабота 9 Март во 20:15.

Гледајте ја на ТВ Канал 5 и подгответе се за вистинско уживање.

Голем пожар во Калифорнија: Десетици илјади луѓе се евакуирани, горат куќи (ВИДЕО)

Повеќе од 10.000 луѓе биле принудени да се евакуираат поради пожарот што избувна северозападно од Лос Анџелес, во близина на градот Камарило.

Пожарот е закана за повеќе од 3.500 згради во предградијата, фарми и земјоделски области, пренесе АП.

Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом рече дека побарал федерална помош за областа источно од градот Вентура.

Пожарот се проширил на околу 62 квадратни километри за само пет часа.

Неколку луѓе се повредени и хоспитализирани, но сè уште не е јасно како настанале повредите, соопшти пожарникарската служба на округот Вентура.

Поради силните ветрови и намалената видливост, авионите морале да ги прекинат летовите, додека противпожарните хеликоптери се уште се на терен.

Во меѓувреме, на југ, пожарникарите на округот Лос Анџелес се бореа со шумски пожар во Малибу кој накратко затвори автопат и уништи две згради.

Официјални лица во неколку окрузи во Лос Анџелес ги повикаа жителите да внимаваат на пожари, прекини на струја и соборени дрвја.

Официјални лица предвидуваат дека ќе има пожари во централниот дел на Калифорнија и во околината на Сан Франциско, додека во некои области веќе има прекин на електричната енергија.

Повеќе од 65.000 домаќинства во Јужна Калифорнија и повеќе од 20.000 во Северна Калифорнија се без струја како мерка на претпазливост поради опасност од шумски пожари.

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Фокусирани сме на реализација на реформите

Спроведувањето на Реформската агенда е пат без алтернатива. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Конференција во организација на „Пријатели на Европа“ во Брисел. 

Говорејќи на панел-дискусија посветена на проширувањето на ЕУ, министерката потенцира дека оваа Влада за 5 месеци не може да го надомести она што е пропуштено во изминатите 7 години, период во којшто се вратени многу средства кон ЕУ фондови поради нереализирање на проекти.

„Фокусирани сме на реализација на утврдените задачи. Тука сме не само да кажеме, туку и да покажеме пред европските држави дека сакаме да бидеме дел од ЕУ семејството. Ако земјите од ЕУ се силни и ние сме силни. Малите земји ве следат. Кога сте вие силни не мотивирате нас да работиме повеќе. Бидете силни, работете на соработка и поттикнете ги малите земји да се силни“, порача министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа додаде дека Реформската агенда за реализација на Планот за раст е многу важна и се однесува на значајни реформи во јавната администрација и управување со јавните финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал, деловно опкружување и владеење на правото.

Особен осврт направи на реформите во областа на управувањето со јавните финансии, при што потенцира дека се стремиме да управуваме со јавнитефинансии на начин којшто обезбедува ефикасно спроведување на политиките, подобрена финансиска дисциплина, добро управување со фискалните ризици и зајакната фискална одржливост.

Министерката за време на престојот во Брисел ќе оствари средби со претставници од Директоратот на ЕК за соседска политика и проширување, а имаше состанок и со претставници од Европската народна партија ( ЕПП).

Одделение за односи со јавност

Ексминистерката Петровска: Стојам зад одлуките кои сум ги носела и нема никакво незаконско пос

Стојам зад одлуките кои сум ги носела  и нема никакво незаконско постапување, е реакцијата на ексминистерката за одбрана Славјанка Петровска за поднесената кривична пријава од Синдикатот на професионални војници.

Преговарав со сите синдикати и успеавме да усогласиме нов колективен договор, Позадината на оваа кривична пријава е лукративна и таа не ги решава проблемите со кои се соочува подносителот кои се од лична материјална природа.

И како министерка, но и сега се грижев и се грижам за угледот на Армијата и од тие причини нема да изнесувам детали, со оглед на тоа дека Насковски е нејзин припадник, но бидејќи ја знам позадината, а таа е далеку од законите ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и нарушување на мојата чест и углед, смета Петровска.

притисни ентер