Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. 

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 4 декември 2023 до 7 декември 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 154 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Град Скопје.

Ужас во Германија: Ментално болен ученик со нож и ножици избодел соученици во гимназија (ВИДЕО)

Неколку ученици се повредени во гимназија во германскиот град Вупертал кога соученик ги нападнал со нож и ножици, јавија германските медиуми.

Полицијата го уапсила осомничениот кој, според извештаите, си нанел повеќе убодни рани во градниот кош, пренесува TagesSchau.

Се наведува дека во нападот се повредени пет ученици, од кои некои потешко.

Според полицијата, осомничениот е уапсен, а објектот на гимназијата бил детално претресен во потрага по можни соучесници.

Според наставничка која била во училишната зграда, напаѓачот употребил нож и ножици.

"Тоа беше ненадеен, ненадеен напад. Ги нападна учениците околу себе, дури и пријателите, а на крајот се прободе четири пати во градите. Еден колега го совлада", вели наставникот, кој не бил очевидец на нападот, но прв дошол на помош на жртвите.

„Тогаш бевме заклучени и сега сме во банка и чекаме да се провери зградата на гимназијата“, додаде таа.

Сите ученици во зградата на банката во близина на гимназијата, каде што биле префрлени откако се евакуирани од училиштето, сега се пребројани и родителите групно ги носат децата, почнувајќи од оние кои се од пониските класови.

Како што потврди полицијата, сторителот е 17-годишен средношколец.

Заднината на злосторството се уште е целосно нејасна, а германските медиуми јавија дека напаѓачот е момче со психички проблеми.

Пендаровски се сретна со маратонецот Дарио Ивановски

Претседателот Стево Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија.

Пендаровски денеска во градскиот парк во Скопје се сретна со маратонецот Дарио Ивановски кој пред неколку дена постави нов македонски рекорд на маратонот во Севиља, Шпанија, како и со неговиот тренер и менаџер, Игор Јакимовски и атлетичарот Жан Тосев.

Претседателот Пендаровски му честиташе на Ивановски за извонредниот резултат и постигнатиот успех, со кој ја исполни нормата и ќе трча во дисциплината полумаратон на Европското првенство во атлетика во Рим кое ќе се одржи од 7 до 12 јуни годинава.

Ивановски го запозна претседателот Пендаровски со текот на неговите подготовки во пресрет на настапот на претстојното Европско првенство, како и за можноста во Рим да обезбеди норма за настап и на годинашните летни Олимписки игри во Париз.

Посочувајќи дека успесите на македонските спортисти претставуваат голема гордост за целата нација, претседателот Пендаровски на Дарио Ивановски му посака успех во натамошната кариера и порача дека со упорност, желба и силна волја, може да се совладаат и најголемите предизвици.

Дарио Ивановски ја истрча маратонската трка во Севиља за 2 часа 8 минути и 25 секунди што претставува нов државен рекорд, подобрувајќи го и својот досегашен рекорд за 3 и пол минути. Со овој резултат, Ивановски се доближи на само 15 секунди до олимписката норма од 2 часа 8 минути и 10 секунди и се искачи високо на светската ранг листа преку која може да обезбеди учество на Олимпијадата во Париз, се наведува во соопштението.

ВРЕДИ: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

Изјавата на Ахмети за "големата вест" потврдува најмалку две работи. 

Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво. Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези само за да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција др. Арбен Таравари во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание.

Втората, дека сеуште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан, и затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец.

Логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на албанците? На кого му служи Али Ахмети со овој потег?

Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија, изјави на прес конференција Фари Хисени, од Коалицијата ВРЕДИ.

притисни ентер