Aмериканската делегација на билатералните разговори за координација на одбранбената политика кои последен пат се одржаа во јануари, ја предводеше Мајкл Чејс, заменик помошник секретар за одбрана за Кина, Тајван и Монголија.
- На состанокот е разговарано и за поддршката на Кина за Русија за време на војната во Украина, како и за активностите на Пекинг во Јужното Кинеско Море, изјавија од американскиот тим.
Состанокот се одржа откако Чејс присуствуваше на форумот Ксианшан во Пекинг, којшто претставува одговор на Кина на дијалогото Шангри-Ла.
Контактите меѓу двете страни беа прекинати во 2021 година, бидејќи ескалираа тензиите меѓу САД и Кина поради разликите за прашања како што се суверенитетот на Тајван, КОВИД-19 и економските прашања.
Иако комуникацијата продолжи откако претседателите на САД Џо Бајден и на Кина Кси Џинпинг се сретнаа во Сан Франциско минатиот ноември, не е јасно дали разговорите би можеле да продолжат бидејќи во Америка наскоро ќе се одржат претседателски избори./МИА