Војната во Украина влегува во третата година – возможен ли е мир во 2024-та?

Две години од почетокот на инвазијата во Украина, крајот на специјалната операција која ја најави рускиот претседател Путин во 2022та, не е на повидок...

Оттогаш речиси третина од украинците ја напуштија татковината, оние пак кои што останаа велат дека веќе научиле да живеат со суровата реалност, надевајќи дека подобро и помирно утре набргу ќе дојде..

-Никој не може да даде недвосмислено мислење што значи животот. Живот е тоа што ни се случува во моментов, а во моментов животот ни е војната.

-Научивме како да издржиме, да бидеме посилни и да веруваме. Како што велат, ако веруваш, ќе бидеш награден и на тоа се надеваме.

-Мислам дека треба да имаме повеќе оружје, за да можеме да ги избркаме овие зли духови од нашата земја и да почнеме да ја обновуваме нашата Украина.

Горчливата годишнина се одбележа на повеќе места во светот, а рамо до рамо со претседателот Зеленски на церемонијата во Киев застанаа дел од светските лидери кои порачаа дека оваа војна е борба за слобода на сите во Европа...

-Можете да уништите авион, но не можете да го уништите нашиот сон, сонот со кој секој од нас заспиваше и се будеше 730 дена. Никој од нас нема да дозволи да дојде крајот на Украина, покрај зборот Украина, секојаш ќе стои зборот независна, вели Зеленски.

-Киев стои цврство, вашата храброст застана на патот на Путин. Не отстапивте ниту чекор, украинските херои го задржаа окупаторот, борејќи се до последниот куршум и последниот здив. Успеавте да го сопрете рускиот напад во срцето на Украина, ја спасивте државата, ја спасивте целата Европа, вели Фон дер Лајен

Конфликтот беше тема и на генералното собрание на ОН, каде рускиот амбасадор Небензиа дискусијата ја нарече нереална и во служба на промовирање на политичка агенда. Плановите пак на Зеленски за мир ги оцени како ултиматум кон Русија, на кои не треба да се троши време..

Реалноста е дека не постојат привремено окупирани територии во Украина, туку постојат руски региони, како што е Крим.- Василиј Небензиа – Амбасадор на Русија во ОН

САД двегодишнината од почетокот на војната го одбележаа со нови 500тини санкции врз Русија, а претседателот Бајден порача дека украинскиот народ е се уште слободен..

Според податоците од почетокот на војната животот го загубиле 10.000 цивили, додека пак бројката на загинати војници не може да се претпостави, но проценките се дека се повеќе десетици илјади...

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром влегува во последната година од мандатот. 

Цели 3 години Тимчо Муцунски и Дејан Митески потрошија на лаги, изговори и празни ветувања. Во Аеродром никогаш не било полошо, секојдневно повторуваат нашите сограѓани.

За 3 години ниту една од ветените четири нови градинки во населбите Мичурин, Острово, Лисиче и Долно Лисиче, не е ниту започната да се гради.

Условите за настава во основните училишта се катастрофални, родителите сè уште собираат средства – доброволен прилог за течен сапун, влажни марамици, тонери, хартија, клима уреди и слично. Го имавме и првиот случај на труење на над 140 дечиња од прво до трето одделение, со храна подготвена во училишната кујна.

По 5 години укинат е и проектот за бесплатни часови по пливање за првачињата и дечињата со попреченост од прво до трето одделени.

Нови 100.000 метри квадратни зеленило во Аеродром им беше ветено на нашите сограѓани пред три години. Паркот Радост на 6.000 метри квадратни во Реонски центар требаше да биде готов пред 2 години. Мицкоски присуствуваше на почетокот на активностите за подигнување на овој парк.

Општината никогаш не била позапуштена. Неискосени и пожолтени тревници, сообраќаен хаос, руинирана урбана опрема, преполни канти и контејнери, диви депонии на секој чекор се само мал дел од очајното секојдневие на нашите сограѓани.

Општина Аеродром досега требаше да добие и нова гимназија, нова општинска зграда, 3.000 нови паркинг места, вело-патеки на сите улици, нови кружни текови (меѓу Мичурин и Стар Аеродром, на бул. 12 македонска бригада, кај училиштето Љубен Лапе), нов мултифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, Музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче. Ништо од ова не е изградено и нема да биде изградено ни до крајот на мандатот.

Не е формиран ниту ветениот енергетски фонд за реконструкција на фасадите на зградите во Аеродром.

Еднократната помош за новороденче требаше да биде зголемена од 8.000 на 20.000 денари.

И по 3 години Општина Аеродром нема стратегијата за млади, ги нема и стипендиите за млади таленти во износ од 30.000 денари, спортските субвенции за млади во износ од 600 денари.

До крајот на 2022 година требаше да бидат завршени сите постапки за легализација, а со ова темпо нема да ги завршат ни до крајот на мандатот.

За 3 години стотици нереализирани проекти, 1.000 изговори. Жителите на Аеродром се прелажани. Лагите на Тимчо Муцунски се заманети со новите лаги на Дејан Митески и Христијан Мицкоски. Константа е само неспособноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за своите сограѓани во Аеродром.

Трпението на граѓаните е при крај. Доста е од изговори и празни ветувања. Граѓаните бараат дела, граѓаните бараат промени.

Милутин Ристески, советник во Советот на општина Аеродром и претседател на ОО СДСМ Аеродром

Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина

Тројца млади на возраст од околу дваесет години загинаа во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на патот Гњилане - Приштина каде што автомобилот им паднал во Бадовачкото езеро, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според медиумите, тие со нивното возило паднале во Бадовачкото езеро, од каде биле извлечени утрово, по седумчасовна претрага од страна на спасувачките тимови на Безбедносните сили на Косово.

Информацијата за тешката сообраќајна несреќа во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Флора Ахмети.

„Синоќа околу 23:00 часот добивме информација дека на патот Гњилане-Приштина се случила сообраќајна незгода со смртни последици. Во несреќата учествувало едно возило во движење. Во несреќата загинале три лица. Смртта ја констатира медицинска екипа на местото на настанот. Во моментов во тек е полициска истрага за расветлување на околностите кои довеле до оваа несреќа“, се вели во изјавата Ахмети./МИА

Тошковски: Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот

Тврдењето дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај е целосно лажно и манипулативно, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Разочаран сум од некрофилските обиди на СДСМ за манипулација на народот со обвинување за наводната неспособност на МВР во овие 100 дена и сметам дека истите се само очаен обид да го свртат вниманието од седумгодишниот хаос и уништувањето на безбедносниот систем што тие го оставија зад себе.

Тврдењето дека за време на моето раководење со МВР е расчистен само еден случај е целосно лажно и манипулативно, со цел да се дезинформираат граѓаните. Според официјалните бројки на МВР, во 2023 година имало 23 убиства од кои 2 нерасветлени, додека во 2024 година до месец октомври има 16 убиства, од кои исто така само 2 се нерасветлени. Овие податоци покажуваат дека ситуацијата не само што не е влошена, туку е и подобрена од аспект на намалување на бројот на убиства.

Но, сите знаеме каков хаос се случуваше во изминатите 7 години каде скандалите се редеа еден по друг. Нивните владеачки структури дозволија криминалците да владеат на улиците, да пукаат во трговски центри, да тероризираат граѓани и да ја претворат полицијата во извршител на нивните интереси. Пукањата во "Ист Гејт", каде криминалци пукаа сред бел ден, мафијашките убиства во "Шиша Бар" и Бутел, двојното убиства во Топанско Поле, бегствата на затвореници – сето тоа не се случи во овие 100 дена. Овие настани чии извршители ден денес се непознати, се резултат на долгогодишното уништување на системот, кој тие го претворија во механизам што им овозможуваше на криминалните структури да дејствуваат слободно. За време на нивната власт, која сега се осмелува да зборува за неспособност, пасоши се делеа на меѓународни криминалци – 215 нарко босови и лица со меѓународни потерници добија македонски документи и се движеа слободно низ Европа.

Граѓаните многу добро знаат кој дозволи бандити да се пресметуваат по улиците на Скопје и кој стоеше зад најголемите скандали со кражба на оружје од полициските депоа и организирани напади врз полициски службеници во станиците. Наместо да се справат со организираниот криминал, тие соработуваа со него, оставајќи ги институциите немоќни да ги заштитат граѓаните.

Да не заборавиме и дека токму во нивно време се случија корупциските афери како "Рекет", каде највисоките државни функционери беа замешани во изнуда и злоупотреба на моќ.

Пукањата и убиствата што денес ги гледаме се наследство од нивното владеење, кое дозволи полицијата да биде контролирана од криминалци, додека народот беше оставен незаштитен.

Ние најавивме бескомпромисна борба со овие криминални структури, почнавме да го обновуваме системот и да ја враќаме контролата врз безбедноста и правдата, но не може веднаш да се реши она што беше систематски уништувано 7 години. Воведовме засилени мерки и акциски контроли, но за целосна победа над криминалот е потребна стратешка и долгорочна акција. Ова е процес што нема да се случи преку ноќ, но ние сме решени да ги вратиме безбедноста, правдата и редот во земјата, за разлика од нив, кои дозволија криминалците да го контролираат секој аспект од нашето општество, стои во објавата на министерот Тошковски.

притисни ентер