Второ издание од фестивалот на класична музика „Класика Меѓународен Фестивал Струмица 2023”

Второ издание од фестивалот на класична музика „Класика Меѓународен Фестивал Струмица 2023”(Strumica Classic International Festival Strumica 2023),на кој најголемиот дел од програмата ке биде посветена на камерната музика .

Идеата потекнува од група професионални музичари од Филхармонија,Опера и колеги од музичкото училиште „Боро Џони” од Струмица,оформени во здружение на граѓани со наслов на фестивалот,а со цел да се направи еден интересен фестивал,единствен од таков вид кај нас,презентираjќи претежно камерна музика во различни состави.

Идеата за фестивалот со задоволство ја прифатија и подржаа градоначалникот на градот и советот општина Струмица со цел фестивалот да стане традиционален.

Целта во реализација на фестивалот е да ги претставиме врвните Македонски уметници кои ја негуваат камерната музика,но и гости од соседните земји,Европа и пошироко.

Годинава има гости уметници од Словенија,Србија и Буагрија како и наши познати камерни состави.

Струмица е град со традиција и историско културно нследство од сите свери,град кој ја сака музичката уметност, театарот,филмот,сликарството и културата воопшто,како и познатиот “Струмички карневал” со светско реноме,град со убави културни настани.

Фестивалот ќе допринесе покрај гостувањето на странски уметници од повеке земји,Струмица да стане и атрактивна туристичка дестинација,која има прекрасно културно наследство како “Самоиловата тврдина” над градот ,манастирот “св.Илија, гробот на” Струма”,Катедралната црква” Св.Леонтиј”-Водоча,манастирите “Вељуса и’ Св.Петнаесет Тивериополски великомаченици”,”Римската бања”-Банско,Смоларски и Колешински водопади и други убавини од подножјето на Беласица и Огражден.

Отворањето на фестивалот е на 1 јуни а ќе трае до 9 јуни.

Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија

Најмалку четири лица се удавија во морето поради големите бранови предизвикани од ураганот Нелсон во Шпанија.

Две лица се удавија вчера во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија, во северниот дел на земјата.

Невремето зафати неколку шпански региони, а брзината на ветерот достигна 90 километри на час. /МИА

Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели. 

Карлос Алкараз беше јасен фаворит во борбата за овогодинешната Мастерс титула во Мајами, но веќе во четвртфиналето се прости од вториот трофеј на тој АТП турнир од серијата 1.000, бидејќи изминатава вечер немаше решение за ударите на Григор Димитров - 0:2 (2:6, 4:6).

И не само тоа, Шпанецот беше толку слаб што по мечот не се срамеше да признае колку бил во сенка на пониско рангираниот бугарин.

- Повторно ме натера да се чувствувам како да имам 13 години. Не се сеќавам дека некој ме натерал да се чувствувам вака. Помина долго време откако се случи такво нешто. Не знаев што да правам. Барав решенија, но тој не ми дозволуваше. Чувствував неверојатна фрустрација, изјави 20-годишниот Шпанец по неговата изненадувачка елиминација.

Дванаесет години постариот Балканец направи дури 24 винери и генерално го совлада помладиот ривал во сите важни елементи на играта, заслужувајќи го целосно вториот триумф во меѓусебните дуели.

- Генијалноста е често во едноставноста. Знаев дека морам да бидам поагресивен, да ги водам поените. Многу е тешко да се направи тоа против него, изјави пресреќниот, но разумен „џелат“ на шампионот на неодамнешниот Мастерс во Индијан Велс.

Димитров за финалето ќе се бори со Александар Зверев од Германија, додека другата полуфинална двојка ја сочинуваат бранителот на тронот Данил Медведев (Русија) и Јаник Синер (Италија). /MИА

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание - ПОП КУЛТУРА

 Во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ вечер ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - ПОП КУЛТУРА, во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Настанот е во чест на неодамна починатиот Мирко Попов, кој ја основа платформата „Силата ЕУ младите“, која ја издаде плочата.

Како што соопштија од тимот „Силата ЕУ Младите“, компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу Силата ЕУ Младите“, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата „Силата ЕУ Младите“, е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

- Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во Лабораториум, се вели меѓу другото во соопштението од тимот на „Силата ЕУ Младите“.

притисни ентер