Закерберг ги претстави новите VR очила за хибридна реалност

Извршниот директор на Мета Платформи, Марк Закерберг денеска на Инстаграм ја објави новата генерација на очила за VR со мешана реалност Quest 3.

Со почетна цена од 499 долари, уредот ќе биде 40 отсто потенок од претходниот и ќе има мешана реалност во боја која комбинира елементи на зголемена и виртуелна реалност, информира Закерберг во својата објава.

Quest 3 ќе има нов чипсет на Qualcomm со двојно поголеми графички перформанси, рече Закерберг, ветувајќи повеќе детали на конференцијата за виртуелна реалност во септември.

Техничкиот ривал Apple се очекува да го претстави својот прв уред за хибридна реалност следната недела. Мета моментално доминира на пазарот на уреди AR/VR, со речиси 80 отсто удел од 8,8 милиони VR слушалки продадени во 2022 година, според фирмата за истражување на пазарот IDC.

Вежбите ја намалуваат опасноста од деменција до 33 отсто

 Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот.

Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно.

Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот.

Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност.

Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.

- Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.

Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува.

Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот. /МИА

Кремљ вели дека самитот за Украина дал „нула“ резултати

Кремљ денеска соопшти дека меѓународниот мировен самит за Украина, предводен од Киев, дал - „нула“ резултати.

-Ако зборуваме за резултатите од таа средба, тогаш тие се сведуваат на нула, нагласи портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Самитот, на кој присуствуваа над 100 претставници на земји и меѓународни организации се одржа во швајцарскиот град Бургеншток и имаше за цел да ги истражи начините за постигнување мир во Украина. /МИА

Сестрата што изнесуваше цитостатици од Онкологија доби 2 години затвор

На казната се жалело Обвинителството, но Апелација ја потврдила.

29 годишната медицинска сестра од клиниката за Онкологија Амела Османовиќ е осудена на казна затвор од две години, затоа што од клиниката во три наврати, во три различни денови, изнела ампули меѓу кои и цитостатици наменети за пациентите со карцином, објави „Слободен печат“..

Османовиќ е осудена во отсуство. Како сопатничка таа излегла од земјава на граничниот премин Табановце уште пред да почнат судењата, па од тогаш, не им е достапна на органите на прогонот и нема почнато да ја издржува затворската казна.

На казната се жалело Обвинителството, но Апелација ја потврдила.

Случајот кој се водеше против 29-годишната медицинска сестра не е поврзан со големата истрага за злоупотреба на биолошката терапија на клиниката, а каде што Јавното обвинителство сомничи 5 лица меѓу кои и четворица доктори.

притисни ентер