Земјоделци го навредуваа и исвиркаа Макрон на Саем за земјоделство

Земјоделците денеска го исвиркаа и навредуваа францускиот претседател Емануел Макрон на Саемот за земјоделство во Париз, незадоволни од неговата политика и барајќи мерки за подобрување на состојбата во земјоделството.

Макрон го отвори Саемот со четири и пол часа задоцнување поради судирите меѓу полицијата и земјоделците кои упаднаа на Саемот.

Иако се чинело дека ситуацијата се смирила, кога Макрон ја пресекол лентата, земјоделците извикувале „Оставка!“, „Губи се!“, „Ѓубре!“, пренесе Бета.

Сепак, францускиот претседателот разговараше еден час со земјоделците од три синдикални организации чии членови учествуваа во судирот со полицијата и рече дека „преферира дијалог наместо конфликт“. /МИА

Трик-прашање за вработување во „Мајкрософт“

Во неодамнешно интервју за „Блумберг“, поранешниот извршен директор на „Мајкрософт“, Стив Балмер зборуваше како се правело интервју за работа во една од најпознатите технолошки компании во светот.

Балмер, кој беше на чело на американскиот конгломерат од 2000. до 2014 година, откри трик-прашање што му го поставувал на секој кандидат за работа, објаснувајќи го и значењето.

- Прашањето гласеше вака: „Размислувам за број меѓу еден и сто. После секој обид ќе ви кажам дали бројот е превисок или пренизок. Ако погодите при првиот обид, добивате пет долари, тогаш четири, три, два, еден, и ако на крајот не погодите, ќе ми платите долар, два“, изјави тој.

Целта на ова прашање не е само да се тестира размислувањето на кандидатот, туку и способноста за донесување стратешки одлуки - клучна одлика, којашто Балмер ја смета за важна, за успех во технолошката индустрија.

Која е целта на прашањето?

Она што особено го интересира е - дали кандидатите го разбираат поширокиот контекст на играта? Имено, доколку сакаат победа, кандидатот треба да разбере дека веројатноста да се изгуби е поголема од веројатноста за победа бидејќи има многу повеќе бројки на коишто можат да загубат отколку едната што носи победа. Целта на прашањето е, всушност, да се види дали кандидатот прво ќе процени дали воопшто вреди да се игра.

Така, вистинскиот одговор е: „Не сакам да ја играм играва“, бидејќи тоа скоро секогаш ќе има негативен очекуван исход.

Балмер денес е сопственик на НБА-кошаркарскиот клуб Лос Анџелес клиперс и неговото богатство се проценува на 121,9 милијарди долари.

- Во една прилика, кандидатот веднаш ја погодил бројката напишана на хартија и рече дека играва не вреди. Тоа е правилен заклучок. Така, ја увидов способноста на кандидатот да размислува „вон рамките“ и неговата вештина да ги анализира проблемите пред да донесе одлука, се потсеќа Балмер.

На крајот, тој појасни дека неговата цел била да процени колку добро кандидатите ја разбираат анализата на ризик и донесувањето одлуки - клучни вештини за успехот во денешниот динамичен технолошки свет.

Македонија на затворена седница на владата ќе донесе нов пакет помош за Украина

Македонија на затворена седница на владата ќе донесе нов пакет помош за Украина. 

Ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната конференцијата „НАТО – 75 години единство, соработка и колективна одбрана: безбедносни предизвици за Европа“ на која учествуваат и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за дигитална трансформација,Стефан Андоновски, како и амбасадорот на Германија, Петра Дрекслер.

Иницијативата, собра на едно место високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот, кои заеднички дискутираат за актуелните безбедносни предизвици кои ја засегаат Европа и регионот, како и за неопходноста од поинтензивна соработка во услови на сè понеизвесни безбедносни и геополитички околности.

Апсења во Германија и Полска поради осомничен десничарски екстремизам

Германското федерално јавно обвинителство денеска соопшти дека осуммина осомничени членови на екстремно десничарска терористичка организација се уапсени во источногерманската покраина Саксонија и во Полска.

Како што јави ДПА повикувајќи се на властите, се претресуваат и околу 20 имоти. Претреси се вршат и во Австрија.

Обвинителството ги сомничи обвинетите дека припаѓаат на „Саксонските сепаратисти“, група за која веруваат дека е формирана најдоцна во ноември 2020 година.

- Ова е милитантна група составена од 15 до 20 луѓе, чија идеологија се карактеризира со расистички, антисемитски и делумно апокалиптични идеи, се вели во соопштението објавено од канцеларијата на обвинителството.

притисни ентер