Жена дошла во болница окована во синџири, на полицијата ѝ открила детали за ужасот

Неименуваната 40-годишна жена успеала да се оттргне од претходно осуден педофил од Шпанија и се појавила во болница со модринки на лицето и синџири околу вратот.

Лекарите од болницата „Свети Јаков“ останале во шок кога здогледале жена на која рацете и вратот ѝ биле врзани со синџири, објави Дејли Меил.

Имено, жената на полицијата ѝ рекла дека била во болница за да посети хоспитализиран пријател, а откако заминала, мажот ѝ понудил да ја повози до дома. По пат ѝ рекол дека мора да застанат кај неговата куќа за да ги земат потребните работи.

Ја повикал да влезе во неговата куќа, а откако ја затворил влезната врата, ја претепал до смрт, пишува Олив прес.

Исто така, жената изјавила дека се онесвестила од тепањето, а кога дошла на себе видела дека има синџири околу вратот и рацете. Напаѓачот се обидел да ја удави, а кога не успеал, почнал да ја навредува и тепа.

Жената успеала да побегне низ прозорецот кога оценила дека напаѓачот не гледа. За помош се обратила кај член на семејството кој веднаш ја однел во болница.

Осомничениот маж, претходно осуден педофил, по пријавата веднаш е уапсен, а моментално се наоѓа во притвор каде ќе го чека натамошна истрага за случајот.

Осомничениот и претходно бил осуден за киднапирање и малтретирање на деветгодишно девојче во Бургалеса, објавија локалните медиуми.

Видео: На лет на „Ер Азија“ експлодирала надворешна батерија

Патниците се обиделе да го изгаснат пожарот со шише вода

На летот на Ер Азија меѓу Бангкок и градот Након Си Тамарат на југот на Тајланд експлодирала надворешна батерија (power bank) и избувнал пожар во кабината, но никој од патниците не бил повреден.

Патниците виделе пламен и чад 30 минути по полетувањето, по што кабинскиот екипаж дошол во средниот ред на Ербас А320 за да го изгаснат пожарот, додека патниците седнати на таа страна од авионот се префрлиле на другата, тргнувајќи ги работите подалеку од огнот.

Некои од патниците се обиделе да го изгаснат пламенот со шише вода, пред стјуардесата да дојде до апаратот за гаснење пожар и успешно да го изгасне пожарот, пишува Дејли Меил.

Во инцидентот изгорело едно седиште, а авионот слетал навреме.

Техничарите кои го прегледале авионот по слетувањето им рекле на патниците дека надворешната батерија била во мрежата за складирање во кабината.

Авиокомпаниите дозволуваат пакување на овие батерии само во рачен багаж, додека нивното носење во чекирани торби е забрането поради ризик од прегревање на литиум-јонските батерии и предизвикување пожар.

Хамас го предупреди Израел да не им забранува на муслиманите да ја посетуваат Ал Акса

Хамас го предупреди Израел да не им забранува на муслиманите да ја посетуваат Ал Акса за време на Рамазан

Палестински Хамас денеска издаде предупредување до Израел дека ќе следи „експлозија на гнев“ доколку на муслиманите им биде забранет пристапот до џамијата Ал Акса во Ерусалим за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој трае од 11 март до 9 април.

- Нашиот непријател нека чуе дека нашите души вријат. Нашиот гнев е моментален, а експлозијата ќе се случи доколку има некакви забрани за муслиманите да влезат во Ал Акса за време на Рамазан, се вели во соопштението на Хамас, пренесе „Џерусалим пост“.

Минатата недела, весник од Ерусалим, цитирајќи неименувани извори, објави дека посетата на Палестинците од Западниот Брег на Ридот на храмовите ќе биде забранета за лица постари од 60 и под 10 години.

Се разгледуваат и можни ограничувања за израелските муслимани. Јавниот сервис КАН неколку пати објави дека се разгледува забрана за пристап до Ридот на храмовите за израелските Арапи помлади од 40 години. /МИА

Борел: Русија најде начини да ги заобиколи западните санкции

Русија најде начини да ги заобиколи западните санкции со диверзификација на нејзините трговски патишта, при што извозот на европските компании во трети земји за понатамошен трансфер во Русија се зголеми експоненцијално.

Ова денеска на Х го напиша високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Токму поради ова, ја засиливме нашата акција за да се справиме со заобиколувањето на нашите санкции, со посилни контроли на извозот за да се ограничат мрежите за снабдување на Русија и го обновивме ангажманот со нашите партнери во Јужен Кавказ и Централна Азија“, информира Борел. /МИА

притисни ентер