Во сите делови на земјата Албанките живеат подолго од мажите. Она што се издвојува во податоците на Евростат е дека жените во централниот регион живеат подолго од оние во северниот и јужниот дел на земјата.
Поточно, во централниот регион животниот век на жените е за две години поголем, достигнувајќи 82 години, додека на југ е помал, приближно 79 години.
Дури и кај мажите, највисок животен век има во централниот регион, кој достигнува 77 години, додека најмал во јужниот дел – 74 години.
Според Евростат, повисок животен век кај жените е забележан во сите региони на ЕУ. Животниот век кај жените во ЕУ е 83,3 години, 5,4 години повисок од мажите, кој изнесува 77,9 години.
Во споредба со европскиот просек, животен век кај жените во Албанија е за 2,5 години понизок, додека кај мажите 1,5 година./МИА