Фото: Никол Кидман во златен фустан

Актерката Никол Кидман  доби историско признание, и докажа дека е вистинска ѕвезда на филмската индустрија.

Мегапопуларната актерка неодамна ја доби наградата AFI (American Film Institute Lifetime Achievement) за животно дело и вклученост во филмската индустрија. Со тоа таа стана првата Австралијка која ја добила оваа престижна награда во Лос Анџелес.

На доделувањето на наградата на кое присуствувале многу колешки на Никол, сексапилната актерка блесна во златен долг и елегантен фустан кој ја истакна нејзината соврѓена става.

ЕУ со позитивни оцени за придонесот на Народната банка во намалувањето на инфлацијата

ЕУ со позитивни оцени за придонесот на Народната банка во намалувањето на инфлацијата и стабилноста на банкарскиот сектор.

Инфлацијата се намали од 19,8 на 4 проценти, како резулат на монетарното затегнување и нормализацијата на цените на храната и енергијата, се наведува во заклучоците од овогодишниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина. Европската комисија ги нотира мерките кои Народната банка ги превзема во изминатиот период, со цел да ја стабилизира инфлацијата, инфлациските очекувања и да ја поттикне денаризацијата, соопшти Народната банка.

Во заклучоците, како што посочува Народната банка, е наведено дека банкарскиот сектор останал стабилен, со поволни показатели за адекватноста на капиталот и ликвидноста, како и ниски нивоа на нефункционални кредити. Европската комисија препорачува монетарната политика да остане затегната, онолку колку што е потребно, за да се закотват инфлациските очекувања на ниво кое ќе осигура стабилност на цените и на девизниот курс. Се наведува и дека е неопходно да се заштити независноста на централната банка во извршувањето на нејзините клучни законски задачи.

Во рамки на економскиот и финансискиот дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина, којшто се води врз основа на поднесената Програма за економски реформи 2024 ‒ 2026 година од страна на земјите кандидатки, институциите на ЕУ дале осврт и оцена на политиките и реформите во различни сфери на економијата и финансискиот систем, додека носителите на политиките дале осврт и очекувања за идниот период.

Вицегувернерката Емилија Нацевска ја претставувала Народната банкаи во своето излагање истакнала дека Народната банка ќе продолжи да води претпазлива монетарна политика, се додека со сигурност може да се каже дека процесот на дезинфлацијата е одржлив и дека на среден рок ќе се осигура ценовната стабилност. Таа посочила и дека Народната банка ќе продолжи преку мерки и регулаторни барања да ја зајакнува отпорноста на банкарскиот систем и да ги унапредува сопствените институционални капацитети за подобро справување со светските трендови и предизвици.

Нацевска посочила дека Планот за раст за Западен Балкан, дава можност за побрза интеграција на регионот во Единствената платежна област во евра (СЕПА).

-Народната банка веќе поднесе пред-апликација за влез во СЕПА и е подготвена да работи на затворање на евентуалните регулаторни јазови како предуслов за влез во СЕПА, што би донело повеќекратни предности за потрошувачите, компаниите и финансиските институции. Во своето излагање вицегувернерката се осврна и на придонесот на Народната банка кон зелената транзиција и подготвките на банкарскиот систем за овој процес. Народната банка го усвои првиот Среднорочен план во областа на управувањето со климатските промени за периодот 2023 ‒ 2025 година, кој предвидува активности за регулирање и надзор на климатските ризици, вклучително и стрес-тестирања на банките поврзани со климатски промени, а беа усвоени и Насоки за управување со климатските ризици за банките, велат од Народната банка..

Оттаму додаваат дека во согласност со светските трендови, Народната банка веќе ги направила и првите чекори за „зазеленување“ на своето инвестициско портфолио во рамки на управувањето со девизните резерви.

Во Тирана конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан

Во Тирана конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, посветенa на соработката за безбедност и миграциските текови.

На тема „Соработка за безбедност и миграциски текови низ Западен Балкан“ денеска во Тирана се одржува конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, со присуство и на претставници на меѓународни органзации.

Отворајќи ја конференцијата, домаќинот, албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала порача дека е многу битно да се има поширока регионална соработка во борбата против организираниот криминал и посилна поддршка од ЕУ.

-Во септември 2023 година кога се собравме во рамките на Берлинскиот процес се договоривме да преземеме посилен пристап кон управувањето со границите. Денеска да ги потврдиме напорите за постабилен регион и за подлабока соработка. Заедно можеме да изградиме иднина каде безбедноста и просперитетот се гаранција за нашите граѓани, рече Бала.

Додаде дека постојаниот ангажман на меѓународните партнери влева доверба дека со заедничка работа како регион, можеме побрзо и посилно да напредуваме во нашата амбиција да се приклучиме на Европската унија, споделувајќи ги принципите на владеењето на правото заедно како регион.

Констатира дека „ако има некое посебно прашање каде што сите можеме и тесно ќе соработуваме, тоа е управувањето со миграциските текови“.

-Последниве години Албанија, заедно со другите земји во регионот, ги бранеше вредностите и практиката на регионалната соработка, постигнувајќи опипливи резултати за нашите граѓани, како што се договорите со Косово и Македонија за слободно движење, како и справување со миграциските текови, преку спречување на нерегуларна миграција со фокус на граничната безбедност, но и почитување на човечкото достоинство на мигрантот, рече Бала.

Тој рече дека соработката со ФРОНТЕКС е еден од главните столбови на стратегијата за управување со границите и борбата против нерегуларната миграција.

-Преку партнерството со ФРОНТЕКС, успеавме значително да ја зголемиме ефективноста на граничните операции, да го обучиме нашиот персонал и да ја модернизираме опремата и методите за гранична контрола. Оваа соработка овозможи не само подобро набљудување на границите, туку и побрз и покоординиран одговор на секое сомнително движење, рече Бала, нагласувајќи дека годинава е забележано намалување на случаите на незаконски активности во областа на емиграцијата.

Амбасадорот на ЕУ во Албанија, Силвио Гонзато, меѓу другото даде гаранција дека „ЕУ е покрај вас и е подготвена да ве поддржи во спроведувањето на стратегија за справување со миграцијата“.

-Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан останува клучна рамка за политика за имиграција, азил и управување со границите. Тоа е рамка за соработка не само со ЕУ, туку и со земјите од регионот со цел да се соочиме со миграциските и безбедносните предизвици. Имплементацијата на оваа рамка донесе резултати во намалување на миграцискиот притисок за најмалку 1/3 во коридорите на Западен Балкан во текот на 2023 година, во однос на 2022 година, изјави тој.

Ова, според Гонзато е овозможено со силната посветеност на сите партнери во регионот и зголемената поддршка, без разлика дали е финансиска или техничка, од ЕУ и нејзините агенции, што „ја одразува нашата заедничка работа“.

Алонсо: Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо ги сподели своите емоции по серијата на неговиот клуб од 50 натпревари без пораз на сите турнири.

- Предавањето на трофејот во Леверкузен ќе биде исклучително посебен настан. Играчите играа со огромна концентрација цела сезона, и јас сум многу горд на нив, изјави Алонсо, цитиран од официјалниот сајт на Бундеслигата.

Избраниците на Алонсо на 12 мај го совладаа Бохум на гости во натпреварот од 33. коло во Бундес лигата - 5:0. Баер сега има 50 натпревари без пораз во низа.

„Фармацевтитре“ станаа третиот тим во историјата на европскиот фудбал кој стигнал до бројката од 50 натпревари без пораз. Претходно тоа го постигнаа Селтик (52 натпревари од 1915 до 1917 година) и белгискиот Унион (60, 1933-1935). /МИА

притисни ентер