ПМФЛ: Неочекуван пораз на Струга

Бранителот на титулата и актуелен лидер Струга загуби неочекувано на домашен терен од Силекс со 3-2 во еден шесте натпревари кои попладнево се одиграа во рамки на 29 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Поразот на Струга го искористија фудбалерите на Шкупи кои со два гола во самиот финиш направија резултатски пресврт во дуелот со Тиквеш и со триумфот од 3-2 се израмнија бодовно со Струга на врвот на табелата.

Убедлива победа пред своите гледачи забележа Шкендија над Гостивар (4-1), додека Вардар е сè подалеку од зоната за опстанок откако загуби минимално на гостувањето во Струмица од Брера (0-2).

Воска со високи 4-0 триумфираше над Брегалница, додека Работнички и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1.

ПМФЛ – 29 коло резултати:

Брера – Вардар 2-0

Работнички – Македонија ЃП 1-1

Шкендија – Гостивар 4-1

Шкупи – Тиквеш 3-2

Струга – Слекс 2-3

Воска – Брегалница 4-0.

Табела: Струга 58, Шкупи 58, Шкендија 55, Силекс 41, Тиквеш 39, Брера 37, Гостивар 37, Работнички 35, Воска 34, Вардар 29, Македонија ЃП 26, Брегалница 26.

Британскиот крал Чарлс му предаде воена улога на принцот Вилијам

Британскиот крал Чарлс официјално му ја предаде улогата на врховен полковник на армискиот воздушен корпус на принцот Вилијам за време на посетата на аеродромот во Хемпшир.

Чарлс, кој е инаугуриран носител на оваа титула веќе 32 години, попладнево се сретна со својот најстар син во редок заеднички официјален ангажман во базата Мидл Валоп за да му ја пренесе улогата.

Воздухопловниот корпус на Армијата е старата единица на војводата од Сасекс, во која служеше како командант на хеликоптер Апачи и копилот-стрелец за време на неговата втора воена служба во Авганистан во 2012 година.

Одлуката на кралот да му ја предаде улогата на Вилијам се сметаше за удар за Хари кога беше објавена минатата година.

Кралот рече дека е „голема радост“ да се сретне со војниците, нивните семејства и ветерани при претходна посета на Музејот на военото воздухопловство, но додаде дека предавањето било „преплавено со голема тага“.

- Се надевам дека во иднина ќе бидете се поуспешни со принцот од Велс како ваш нов врховен полковник, рече крајот Чарлс.

- Одлична работа е што тој навистина е многу добар пилот – па тоа е охрабрувачки, додаде британскиот крал. /МИА

Жиру потврди дека ја продолжува кариерата во САД

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру објави денеска дека го напушта клубот по крајот на сезоната.

Триесетиседумгодишниот Французин кариерата ќе ја продолжи во американската МЛС лига каде ќе настапува за Лос Анџелес.

„Горд сум на она што го постигнав овде во Милано. Сега треба да ги одиграм последните два натпревари за Милан, па да одам во САД“, изјави Жиру, кој во 2018 година ја освои титулата светски првак со Франција, а во сезоната 2021/22 стана шампион со Милан во Серија А.

Жиру во дресот на Милан зад себе има 130 натпревари на кои постигна 48 голови.

Пред да дојде во Милан, Жиру играше за Гренобл, Истр, Тур, Монпеље, Челзи и Арсенал.

Со Монпеље ја освои француската титула, а со Челзи триумфираше во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Во кариерата има 847 натпревари со 342 голови и 113 асистенции, освојувајќи вкупно 13 трофеи. /МИА

Британски боксер почина во рингот

 Британскиот боксер во средна категорија Шериф Лавал (29) почина откако беше нокаутиран на своето професионално деби во неделата.

Како што пренесуваат денеска англиските медиуми, Лавал бил нокаутиран по удар во слепоочницата во четвртата рунда од борбата против Португалецот Малам Варела во Лондон.

„За жал, Шериф колабираше за време на неговата борба и почина и покрај најдобрите напори на лекарскиот тим“, соопштија организаторите на борбата од „Ворен Бокс Менаџмент“.

Британската боксерска федерација упати сочувство до семејството на 29-годишниот Лавал. /МИА

притисни ентер