1237
0
Егејците остануваат непожелни во Грција
И по падот на шенгенскиот ѕид за македонските граѓани, Грција нема да ја подигне рампата за повеќе од сто Македонци кои ги смета за непожелни и се на црната листа на оваа земја. Иако повеќето од нив се родени во Егејскиот дел на Македонија, тие имаат забрана за влез во Грција со образложение дека претставуваат опасност за државата и општеството. Еден од нив е Славко Манговски, активист за човекови права, со потекло од Егејска Македонија.
Најголемиот број од македонските граѓани на кои им е забранет влез во Грција се иселеници од Канада, САД, Австралија. Сите се заведени во државниот регистар на јужниот сосед како луѓе кои активно го промовираат својот македонски идентитет, учествуваат во меѓународни организации за човекови права или се со статус на политички бегалци.
Грчките власти досега јавно не се произнесле дали и колку македонски граѓани се на црна листа за забранет влез во Грција... Кога ќе падне грчкиот ѕид за овие луѓе слободно да влезат во државата од која потекнуваат се уште е непознато...
30.11.2009, 17:28