По минати 4 часа од гласањето на парламентарните избори гласале 241907 гласачи,што во проценти е 13, 7 проценти од вкупниот број на гласачи, според интернет страницата на Државната изборна комисија.
Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори.
До 11 и 40 часот најголем одѕив на парламентарните избори има во 3 изборна единица 17,59 проценти, а најмал во 6 изборна единица од 8,59 проценти.
Изборна единица 1 - 14,82%
Изборна единица 2 - 13,31
Изборна единица 4 - 15,34%
Изборна единица 5 - 13, 3 %
На вториот кург од претседателските избори најголема излезност има на гласањето во Крива Паланка од 27,99 % а најмала во Липково и како и утрово во Боговиње од само 1,76 односно 2,24 проценти.