Мицкоски:Сакаат да заборавиме каков криминален Артаноиден режим станаа,што добро памтите од нив

Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија.

Цел прв круг на претседателски избори слушаме се и сешто, повторно зборуваат за режим, сакаат да заборавиме дека се 6 и половина години на власт и видовме што направија, и каков криминален артаноиден режим тие станаа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор на митингот во Охрид.

Мицкоски истакна дека ги гледаме како зборуваат за измислени теми на кои сами си поставуваат прашања и си одговараат, си креираат самите теми, затворени во меурот на сопствениот ментален склоп, отуѓени од народот мислат дека со истите трикови повторно народот ќе се излаже и ќе им поверува.

Шест и половина години се на власт, што добро паметите од нив, освен гафови, предавства и криминални афери? – прашува Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ни кажуваа дека Македонија била на маса со најсилните и тие ќе не бранат, заборавајќи да споменат дека по стандардот и живот не донесоа меѓу најсиромашните и најкорумпираните земји во светот, и дека сме рекордери по иселени лица во последниве 6 и половина години, како никогаш во историјата.

Ако од некој треба да не бранат најсилните, тоа е од корумпирани политичари како нив, а во тоа и тие веќе се уверени, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Ковачевски не кажува ниту еден збор за тоа што направиле како влада, не кажува ниту еден проект, мерка, реформа не кажува за инвестиции кои ги донеле, дека нема отчет.

Ништо не направија затоа што се заглавени со други приоритети, со крадење и местење тендери, еве да ви кажам јавна тајна е дека од тендерите во РЕК ДУИ и СДСМ делат 20 проценти од тие што го добиваат тендерот. Затоа нема отчет, затоа што единствениот отчет што може да го кажат е колку украле. Но доаѓа крајот на тоа. И ако мислат ќе им се прогледа низ прсти се лажат. А, во тоа ќе се уверат набргу, изјави Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Охрид порача дека следува жесток одговор од народот на овие избори кон Артановци и Зечевиќи, им се ближи крајот.

„Ни говори Ковачевски дека имал успеси и дека се било добро и дека седеле една тивка ноќ со Стево сами и се договарале, па дури и Заев го видовме им дојде на помош со спотови. Но добро е што се заедно затоа што така со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот. Ветуваа живот за сите, но за жал во Македонија паметите, добивме уживање за Артановци и Зечевиќи во Македонија, а живот за сите други на раб на егзистенција тука или надвор од земјава“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека со овие избори завршува една политичка етапа на корумпирани политичари кои ја злоупотребија довербата на граѓаните и дозволија ДУИ да ја киднапира и украде Македонија од рацете на народот, се наведува во партиското соопштение.

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес

​За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе.

Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува.

Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

притисни ентер