Хендикеп за македонскиот претставник беше и долгото и напорно патување кон српската престолнина поради лошите временски услови и сообраќајна несреќа на автопатот Скопје - Белград.

„Соколите“ беа подобар противник на стартот од средбата, по што домаќинот го засили ритамот, но средбата беше релативно изедначена се до крајот на првото полувреме кое заврши со само плус три за црно-белите (34-31). Белграѓани клучната предност ја обезбедија во третиот период, кој го добија со десет поени разлика (26-16), а по само неколку минути во последната четвртина ја имаа најголемата позитива од 16 разлика (63-47). Но, тоа не ги откажа избраниците на тренерот Драган Николиќ, кои максимално се бореа до самиот крај, што им донесе убедливо добиени последни десет минути (25-16) и чесен пораз во пресметка со еден од најдобрите тимови во моментов во АБА-лигата.

Бојан Трајковски со 19 поени и Зоран Вркиќ со 18 поени и седум скока беа најдобри кај „карпошовци“, а двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Кендрик Пери со 12 и Драган Зековиќ со 10 поени.

Соколи имаат ефект 5-12 (победи-порази) и се моментално на 9.место, додека Партизан е втор со учинок 14-3.

Следен противник на Карпош Соколи во дебитантскиот настап во друштво на најдобрите екипи на просторот на поранешна СФР Југославија е за седум дена кога во „Борис Трајковски“ ќе гостува загрепска Цибона, тимот со кој денеска ќе се сретне вториот македонски претставник во регионалното натпреварување, МЗТ Скопје Аеродром. /МИА

Датум на објава: недела, 08 јануари 2017 во 09:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар