Свитолина за место во финалето избори со триумфот над минатогодишната победничка на овој турнир Симона Халеп која ја совлада со 2-0 по сетови 6:1 и 6:1, за 57 минути игра.

Таа во финалето ќе игра против Каролине Возниацки. Данската тенисерка за 80 минути игра во полуфиналето ја победи Слоун Стивенс со 2-0 во сетови 6:2 и 6:3.


Имено,  Возниацки во 2010 година триумфираше на овој турнир во Торонто.

Во меѓусебните мечеви досега овие две тенисерки одиграле само два дуели, а и двата ги добила Свитовина. /МИА

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 13:46
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар