Сепак Јаневски потенцира дека Вардар нема да отстапи од својата напаѓачка игра, која би требало повторно да донесе позитивен резултат.
- Вардар е пред историски натпревар. Ја отвораме групната фаза со Зенит, фаворит во оваа група и амбиции за финале. Се работи за добар колектив со добри индивидуалци. Имаат домашни репрезентативци и квалитетни интернационалци од Аргентина. Во последните денови ги направивме сите анализи од нивните последни два натпревари. Добро ги анализиравме, во една одлична и работна атмосфера. Се надевам дека пред нашите гледачи и „Комитите“ кои се на секој меч ќе одиграме добар меч и сите задоволни ќе го напуштиме стадионот. Ако сакаме позитивен резултат, не треба да примиме гол, изјави Јаневски на средбата со новинарите.
Мечот од 1.коло во Лига Европа меѓу Вардар и Зенит ќе се игра утревечер на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 20 часот и 5 минути. 

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 10:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар