За Шпанија ова ќе биде 10-то последователно полуфинале на ЕП, додека Словенија го повтори успехот од 2009 година кога беше во оваа фаза на натпреварувањето.
Браќата Гасол и Рики Рубио со своето НБА искуство се предводници на шпанскиот тим, додека кај Словенија ветеранот Горан Драгиќ и младиот Лука Дончиќ се предводници на тимот.
- Шпанија е фаворит, но ние не се плашиме од никого. За ваков натпревар не е потребен мотивациски говор. Кошаркарите мора да бидат како еден. Треба што е можно помалку да мислиме на претходните седум победи. Целиот тим на Шпанија има многу повеќе искуство, изјави селекторот на Словенија Игор Кокошков.
Во второто полуфинале утре ќе играат Русија и Србија./МИА.

Датум на објава: четврток, 14 септември 2017 во 17:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар