Командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски информира дека интервенирале со две противпожарни возила и осум пожарникари. Помош имале и од противпожарната единица Неготино, како и од компаниите „Кожувчанка“ и „Фени“, по едно возило со по двајца пожарникари.

- Изгореа предметите во подрумот - дрва за огрев, дрвени гајби. Не дозволивме пламените јазици да се прошират на катот, така се помина само со исчадување во еден дел од него, рече Богевски.

Најверојатно, како што рече, пожарот избувнал поради запален оџак и искри излегле преку димниот канал, чиј почеток е во подрумот на куќата, којашто се наоѓа во централното градско подрачје кај џамијата. /МИА

Датум на објава: четврток, 12 јануари 2017 во 11:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар