Тој рече дека војниците работат за заштита на границите и затоа стотици илјади не можат да маршираат во оваа земја, извести АП.

Минатата недела, премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, рече дека новата ограда што се гради на границата со Србија, која е опремена со апарати за следење, може да го блокира големиот број на мигрантите и затоа во Австрија и Германија луѓето можат да спијат мирно, бидејќи Унгарците ќе ги бранат надворешните граници на ЕУ.

На крајот од 2015 година, Унгарија изгради бариери за мигранти на границата со Хрватска и со Србија.

Во новата воена база во Херцешанто, ќе има 150 војници.

Датум на објава: понеделник, 20 март 2017 во 21:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар