Според УХМР, утринските темпераратури утре ќе бидат во интервал од - 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

Зголeмување на утринските температури се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред се на југоистокот.

Датум на објава: петок, 21 април 2017 во 12:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар