Само годинава се регистрирани 10 милиони раселени, што значи дека секоја минута 20 луѓе бегаат од своите домови.

Оваа бројка претставува скок од 300 илјади раселени во споредба со крајот на 2015-та, но е за шест милиони поголема од крајот на 2014 година, се наведува во извештајот на УНХЦР.

Најмногу внатрешно раселени има во Сирија, вкупно 5 и пол милиони, а по неа следуваат Ирак и Колумбија. Според сите мерила ова е неприфатлива бројка, која сведочи погласно од кога и да е за потребата од солидарност и заедничка цел во превенција и решавање кризи, порачуваат од светската организација.

Датум на објава: понеделник, 19 јуни 2017 во 22:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар