Во изработката на ова уметничко дело учествуваат уметници од десет нации , кои го урнаа досегашниот Гинисов рекорд од песочен дворец висок 14,84 метри , што беше изграден во Индија .

Изградбата на замокот во Германија ја иницирал локален туроператор , кој набавил 3500 тони песок и го истоварил во двор на поранешна челичарница.

Досега , за последните три недели , откако се гради замокот , украсен со различни мотиви го посетиле 180 илјади туристи .

Уметниците се надеваат дека замокот ќе остане цел барем до 24 – ти септември .

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 18:14
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:45

коментари

остави коментар