- Наместо да ги обединува луѓето во Македонија, овој закон служи единствено за понатамошна поделба на Македонија по етничка линија, што е сосема спротивно од тоа што македонскиот народ го посакува, целите на мирот на неговата влада со своите соседи и стабилноста во целиот регион. Наместо да се поделат во етнички енклави, Македонците од сите средини треба да останат обединети под единствен службен јазик - македонскиот јазик, се вели во соопштението на ОМД.

Од ОМД посочуваат дека целосно го поддржува обезбедување на основни човекови права на малцинските групи да зборуваат на својот јазик и веруваат дека албанското малцинство во Македонија веќе ужива такво право и посакува слични основни човекови права да им бидат доделени на Македонците во соседните земји. 

Датум на објава: среда, 13 септември 2017 во 18:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар