Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено-политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година.

Како поет,  раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик. Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „Буквар в срце“ и „Ѕвездени бакнежи“.

Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани денеска, во Охрид. /МИА

Датум на објава: сабота, 11 ноември 2017 во 16:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар