Како што пренесе „Вашингтон пост“, кој се повикува на повеќе неименувани извори, на состанокот со американските сенатори за предлогот за новиот закон за миграција, прашал “зошто доаѓаат мигранти од тие “дупки“, мислејќи на африканските земји, Хаити и Салвадор.

Неговиот испад наишол на критики ширум светот, а некои одговорија со иста мерка, како поранешниот мексикански претседател Винсенте Фокс.

„Трамп, твојата уста е најголема депонија на светот. Со кој авторитет тврдиш кој е добредојден во Америка, а кој не. Големината на Америка е изградена врз разноликоста, или заборави на својата мигрантско потекло, Доналд“ – напиша на твитер.

На Трамп не му остана должен ни претседателот на Хаити, Лаурент Лимоте.

„Срам да ти е Трамп. Светот е сведок на ново дно денеска, со неговиот коментар за “дупки“ од земји! Целосно неприфатливо! Непотребно и покажува недостаток на почитување кое не е видено во поновата историја на САД! Доста беше! – луто порача Ламоте.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 19:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар