Дупката во фондот за пензиско осигурување нема да се надомести со 2 годишно продолжување на стажот, на работникот што се чувствува способен треба да му се даде можност да работи и поодминати години од животот,но јна доброволна основа  вели Димитров од организација на работодачачи.

За дефицитот во ПИОМ, дополнителен проблем е сивата економија, работа на црно значи и неплаќање средства во фондот за пензиско.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија не го поддржува предлогот за зголемување на старосната , според нив дури и негативно ќе влијае врз работниците, компаниите и економијата, соопштуваат од таму.

Во Македонија повеќе од половина од пензионерите се приматели на минималната пензија, околу 5 отсто се приматели на пензија повисока од просечната плата. Стареењето на населението не треба да се гледа како главен проблем за одржливоста на пензискиот фонд, треба да се донесат стратегии за поттикнување и на третиот столб со цел зголемување на неговото влијание врз пензиските приходи, се вели во соопштението. 

Зголемувањето на придонесите за 2%  е прифатливо решение. Од таму посочуваат дека е потребно системско унапредување за одржливост на ПИОМ преку  зголемување на стапката на вработување, стимулирање и поддршка на формализација на неформалните економски активности со што стапката на вработени наспроти пензионерите ќе се зголемува.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 14:59
Ана Торевска
Обновено во: 15:12

коментари

остави коментар