Според податоците на државниот Институт за статистика на Албанија, во периодот 2011-2017 бројот на иселените лица надвор од државата изнесува 330 илјади.

Овој Институт нагласува дека најголемиот број иселени лица од државата во последните седум години е евидентиран во 2011 година кога земјата ја напуштиле 52 илјади лица.

Статистичарите во Албанија наведуваат дека се работи за најголем бран на емигрирање на населението од земјата по распадот на системот на Енвер Хоџа. Продолжува и понатаму иселувањето на населението претежно во земјите на ЕУ, но и во САД.

Истите извори наведуваат дека поради иселувањето, населението во Албанија старее. Во пораст е бројот на жители со над 65 години, а намалување бележи бројот на жителите што се помлади.

Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 16:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар