Истражителите утврдиле дека најверојатно причина за авионската несреќа во која загинаа 65 патници и шест членови на екипажот , е тоа што пилотот пред полетувањето заборавил да го активира греењето на опремата за мерење притисок . Тоа резултирало со погрешни податоци за брзина на летот.

По извршената анализа на црната кутија со податоците за летот , Меѓудржавниот комитет за воздухопловство соопшти дека до падот на авионот во неделата дошло поради тоа што пилотите виделе различни податоци на двата индикатора за брзина на авионот .

Авионот падна во неделата на само 80 километри југоисточно од Москва . 


Датум на објава: вторник, 13 февруари 2018 во 16:39
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 21:47

коментари

остави коментар