Белгиската компанија „Ван Хоол“ освен за Америка, високо квалитетните автобуси произведени во скопски Бунарџик ќе произведува и за европскиот пазар. Фабриката стартуваше со работа во јули минатата година и произведе и испорача 90 автобуси на американскиот пазар. До 2015 та година треба да испорача вкупно 400 автобуси. Фабриката денес ја посетија вицепремиерот Пешевски и министерот Самак.

„Ван Хоол“ веќе соработува со две домашни компании од сервисната индустрија, „Унипласт“ од Струга за производство на пластични делови и штипска „Актива“ за производство на делови на шасии за автобуси.

Реализацијата на овој инвестициски проект треба да резултира со подобрување на нето трговскиот биланс од над 20 милиони евра годишно кон САД и западно европските земји.


Датум на објава: среда, 19 март 2014 во 14:40
Маја Дамјановска
Обновено во: 15:11

коментари

остави коментар